за

Америка лани купувалa повеќе Toyota отколку General Motors

Првпат во историјата на американската автомобилска индустрија, странски производител продал повеќе возила отколку домашните концерни.

General Motors цели девет децении беше неприкосновен во продажбата на автомобили во САД. Лани, Детроит мораше да ѝ ја препушти автомобилската круна на Toyota. Јапонскиот концерн со голем број фабрики во САД продала 2,3 милиони автомобили или за над 100.000 примероци повеќе отколку General Motors.

Објавувањето на продажните резултати на американскиот пазар за последниот квартал од минатата година откри историска пресвртница. Toyota во периодот меѓу октомври и декември продала 474.378 возила, за 28 проценти помалку отколку во истиот период во ‘20 година. На годишно ниво, јапонскиот примус сепак постигнал за 11,4% зголемена продажба или вкупно 2.332.262 возила. Toyota не е исклучок во браншата и причина за намалената продажба секако дека беше тесното грло во снабдувањето со полупроводници.

Историската пресвртница се открива кога продажбата на Јапонците на големиот американски пазар ќе се спореди со продажбата на домашниот концерн General Motors. Падот во продукцијата кај американскиот концерн, главно предизвикан од недостигот од чипови, изнесува дури 43 проценти во последниот квартал лани. Од марките Chevrolet, Buick и GMC, во последните три месеци се продадени 440.745 возила. Резултатот за цела година е 13 проценти под преклани.

Најпродавани модели на Toyota се петметарската лимузина Camry, СУВ-пионерот RAV4, сетеренскиот крстосувач Highlander, и нормално, пикапот Tacoma. Први на списокот на продажби кај General Motors се пикапите Chevolet Silverado и GMC Sierra. Од огранокот на General Motors за Северна Америка веднаш реагираа со соопштение за изгубеното место: „Во 2022 планираме да ги искористиме силната конјунктура и очекуваното подобрување во снабдувањето со полупроводници, за да ги зголемиме прометот и пазарниот удел.“ Од Детроит најавуваат и зајакнување на лидерството меѓу пикапите и СУВ-возилата, како и преземање на водството на пазарот на електрични возила, со почетокот на продажбата на електричните верзии на GMC Hummer, Cadillac Lyriq, Chevrolet Silverado и GMC Sierra.

Кризата со микрочипови силно го погоди General Motors. Наспроти американскиот концерн, Toyota подобро се организираше и дури успеа да ја зголеми продажбата во минатата година.

Клучни моменти за Toyota и Lexus во продажбата во 2021 година во САД

  • Toyota продава најмногу возила со електрифицирана погонска спрега 22 години во низа
    Лани се продадени 583.697 возила со електирфицирана погонска спрега или за 73,2 проценти повеќе отколку во ‘20
  • Од марките Toyota и Lexus се достани 18 моделски изведби со електрифицирана погонска спрега, што е повеќе од кој било друг производител
  • Toyota учествувала со рекордни 22 проценти во продажбата на патнички возила во САД (без СУВ и пикапи), води во сегментот 10 години во низа и во изминатите 19 години само една година го пропуштила првото место во сегментот на патнички возила
  • Во фабрики во САД ќе се вложат близу 3 милијарди долари, вклучувајќи нова фабрика за батерии во Северна Каролина
  • Онлајн-продажбата регистрирала над 50.000 возила од близу 140 дилери; До средината на 2022 година, повеќе од 300 дилери ќе нудат онлајн-продажба
  • Camry е најпродаван патнички автомобил во САД во последните 20 години
  • Highlander шеста година во низа е најпродаван СУВ во средната класа
  • RAV4 петта година е најпродаван СУВ
  • Sienna првпат е најпродаван компактен ван во САД
  • Tacoma е најпродаван модел на пазарот на компактни пикапи 17 години во низа

Рекордна продажба за:

  • Corolla Hybrid
  • Mirai
  • RAV4 Hybrid
  • RAV4 Prime
  • Highlander Hybrid
  • Sienna
  • 4Runner
  • Tacoma

Клучни моменти во 2021 година во продажбата на Lexus во САД:

  • Продажбата на возила со електрифицирана погонска спрега пораснала за 24,6%
  • Најголем пазарен удел во сегментот на СУВ-модели 23-та година во низа
  • NX е најпродаван компактен луксузен СУВ
  • Продажбата на патнички модели пораснала за 12,9 проценти; Само кај IS има раст од 61,8%

Рекордна продажба за:

  • RX
  • UX (заедно со UX Hybrid)
  • LC (заедно со LC Convertible)
  • NX Hybrid
  • ES AWD

>>> Тест · Toyota Yaris Cross Hybrid AWD · Сé што знае Toyota, на едно место

Целата моделска понуда на Toyota на македонскиот пазар, со технички податоци, опрема и цени за секој модел, можете да ја погледнете во нашиот онлајн-каталог https://avtosalon.mk/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Македонски Bransys меѓу изложувачите на саемот CES во Лас Вегас

Peugeot презеде кадар од Renault-Nissan да раководи со маркетингот