Три пикапи Peugeot Landtrek прво извозеа над 4.500 километри низ Централна Америка, за по долга пауза поради пандемијата, експедицијата да се впушти во предизвикувачки 12.500 километри низ Јужна Америка, вклучувајќи совладување најтешки терени.
Peugeot обезбеди издржани докази дека неговиот пикап Landtrek е издржлив, квалитетно e изработен, не попушта ниту под најголемо оптоварување и доволно е комфорен за со него да се совладуваат долги патувања. По успешниот старт на експедицијата „New Peugeot Landtrek Conectando las Américas“ во Мексико, трите пикапи Peugeot Landtrek со нов екипаж го продолжија патешествието од Чиле до Огнената Земја, во Аргентина. Нивното одредиште беше Ушуаја, митски, најјужен град во светот.
Потребни беа 34 денови за да се совлада патот долг над 17.000 километри. Авантурата започна лани на 25-ти ноември во Лос Кабос, во Баха Калифорнија, Мексико. Првиот екипаж возеше до Веракруз, во Мексиканскиот Залив. Патувањето мораше да паузира долго поради пандемијата. Повторниот старт беше во Икике, Чиле, од каде што патувањето продолжи до Ушуаја. Пристигнувањето на крајното одредиште беше на 24-ти ноември.
Возењето долж Јужна Америка отсекогаш претставувало предизвик за механиката и за луѓето. Пикапите Peugeot Landtrek се соочија со најразлични видови терен, климатски услови, екстремни висински разлики. Според француската марка, Landtrek со стилот, приспособливоста и големата кабина излегува во пресрет на најширок круг купувачи.
Трендот на пикапите досега нема заживеано вистински во Европа, но сосем е различно во Латинска Америка, каде што половина од продажбата на доставни возила отпаѓа на пикапи. Категоријата пикапи со носивост до еден тон е најпродавана во светски рамки.
Од вкупно 2,4 милиони продадени пикапи во светот во 2020 година, близу 400.000 отпаѓаат само на Јужна Америка
Со освојувањето на буквално „крајот на светот“, Peugeot докажа дека пикапот Landtrek располага со сé што е потребно за тој да прерасне во главен играч на пазарот на пикапи до еден тон.
Мексиканската рута во должина од 4.500 километри ја донесе експедицијата до брегот на Пацификот. По пат, тимовите се среќаваа со дилерите на марката, со клиентите и со потенцијалните купувачи, кои добиваа можност да го тестираат возилото на посебно изведени рути. Голем предизвик беше искачувањето на висина од 3.700 метри, на вулканот Попокатепетл. По симнувањето до Мексиканскиот Залив, експедицијата мораше да мирува долго, затоа што границите беа затворени поради ковид.
Патувањето продолжи во ноември годинава, од Икике на северот на Чиле. Вториот тим составен од две дами и четворица мажи добија три нови пикапи, со коишто совладаа 6.500 километри во Чиле, по патот на легендарниот Peugeot 2008 DKR. Тие ја минаа пустината Атакама, напуштениот град Хамберстоун и фармата со ветерници Калама, на висина од преку 2.000 метри.
Се возеше и во подножјето на вулканот Ласкар, најактивен вулкан во регионот, низ Вале де ла Луна, за по пацифичкото крајбрежје да се дојде до Виња дел Мар. Патот продолжи јужно од Сантијаго де Чиле, до границата со Аргентина. До завршната етапа требаше да се мине низ дождовните шуми во јужното подрачје на Андите.
Трите пикапи Peugeot Landtrek потоа ги презеде трета екипа. Во 9 денови и повеќе од 6.000 километри, нивната авантура водеше од Вила Ла Ангострура во аргентинската Патагонија до Ушуаја, најјужниот град во светот. Тие се соочија со возење во екстремни снежни услови во регионот на Барилоче и возење долж прочуената Рута Насионал 40, којашто води од северот кон југот покрај прекрасни езера. Екстремен тест на теренските способности беше возењето по глечерот Перито-Морено.
>>> На Peugeot му оди добро и во Мексико















