за

Great Wall не ја сака фабриката на Nissan во Шпанија

Кинескиот производител на автомобили Great Wall се откажа од преземање на шпанската фабрика на Nissan.

Кинескиот автомобилски концерн Great Wall во последен момент се откажа од преземање на фабриката за производство на автомобили на Nissan во близина на Барцелона.

Great Wall во понеделникот ги потврди наводите од шпанските синдикати, според коишто кинескиот производител се откажал од идејата да продолжи со користење на големата фабрика за монтажа во Шпанија.

Уште претходно беше утврдено дека фабриката на Nissan во близина на Барцелона ќе биде затворена со завршувањето на годината. Со откажувањето на Кинезите се изгуби и последната надеж за 1.600 вработени во фабриката. Регионалните власти во Каталонија и шпанското министерство за економија не излегоа со соопштение за новото одвивање на настаните.

Great Wall неколку недели сигнализираше дека производството во досегашната фабрика на Nissan е можно само под одредени услови. Кинескиот концерн до пред извесно време уште најавуваше дека релативно брзо може да ја зголеми продукцијата од 150.000 на 300.000 автомобили.

Шпанското министерство за индустрија првично предложи државна помош во висина од 100 милиони евра, што ќе соодветствуваше на близу половина од планираните инвестиции. Но, овие инвестиции ќе беа потрошени брзо поради драстично зголемената продукција што ја најавуваше Great Wall.

Властите во ноември предложија зголемување на државната помош и помала продукција, но условот беше Great Wall да се изјасни за понудата најдоцна до 17-ти декември. Концернот сега се изјасни дека се откажува од шпанската фабрика на Nissan.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пикапи на Peugeot возеа 17.000 km до Ушуаја, најјужниот град во светот

Toyota GR Yaris со награда од читателите на Auto Bild Sportscars