Toyota GR Yaris е изборот на читателите на специјализираното издание на Auto Bild за спортски автомобили. Егзотичниот модел во класа на Polo & Co победи во класата на градски и компактни модели, во категорија за увозни марки.
Уште едно признание за спортскиот Toyota GR Yaris од кругот на читатели на Auto Bild, откако моделот ја започна сезоната на жнеење на важни титули со освојувањето на „Златниот волан за 2021 година“. Автомобилот што со стандардниот Yaris ги има заеднички само ретровизорите и антената на покривот, избран е за најдобар спортски модел во класата на градски и компактни автомобили, во конкуренција на увозни марки.
Наградите за спортските автомобили на годината се доделуваат 20-ти пат. Годинава се гласаше за 109 модели во пет категории, поделени на сериски и тјунирани модели, а понатаму категоризирани во домашни германски марки и увозни марки.
Моделот е јасно инспириран од рели шампионатот и користи трицилиндарски 1,5-литарец со турбонатполнење, со 261 КС и со 360 њутнметри од најниски вртежи. Спринтот до темпо сто трае 5,5 секунди. Погонот на сите тркала GR Four го распределува вртежниот момент меѓу предната и задната оска, обезбедувајќи врвна тракција во сите услови.
Corolla Cross е уште еден нов модел во понудата на Toyota
















