Нови закони во Англија: Метар и пол од пешак, два метри од коњаник

Властите во Обединетото Кралство предлагаат менување на правилата на однесување во сообраќајот, коишто ќе придонесат за поголема грижа и безбедност на пешаците, велосипедистите и јавачите на коњи.

По улиците и патиштата низ Обединетото Кралство е можно веќе од јануари 2022 година да почнат да се применуваат нови правила на однесување, како резултат од повеќегодишните кампањи на групите за заштита на велосипедистите, пешаците и јавачите на коњи.

Со новите правила се воведува „хиерархија меѓу корисниците на патиштата“. На врвот на хиерархиската пирамида се наоѓаат тие што се наоѓаат во најголема опасност да бидат повредени во случај на незгода. Тоа значи дека најмногу грижа ќе им се посветува на пешаците, велосипедистите, јавачите на коњи и мотоциклистите. На оваа група на учесници во сообраќајот ќе им се придружат и деца, постари лица и лица со попреченост.

Промените ги опфаќаат сите можни аспекти, поаѓајќи од начинот како возачите треба да ги престигнуваат велосипедистите, до нови ограничувања при користење на патиштата.

Возачите во Обединетото Кралство во иднина ќе мора да внимаваат повеќе да не им го попречуваат патот на велосипедистите, јавачите на коњи или ја запрежни возила на крстосница. Секако дека со тоа се мисли првенствено на скршнување на крстосница, каде што обично настануваат незгодите со повредливите категории учесници во сообраќајот.

Неколку примери за тоа што ги очекува учесниците во сообраќајот во иднина:

  • При минување со автомобил покрај велосипедисти, јавачи и пешаци мора да се остави простор од најмалку 1,5 метар растојание од возилото, односно два метри за коњи.
  • Возење со брзина под 10 милји на час (околу 16 km/h) при минување покрај коњи и под 30 милји на час (48 km/h) при минување покрај велосипедисти.
  • При минување покрај пешак што се движи по патот, на места на коишто нема тротоар, мора да се остави простор од најмалку два метри и соодветно да се намали брзината.

Новите правила на однесување беа поставени во текот на годинава, по долги консултации меѓу голем број групиза заштита на велосипедисти и пешаци, и Министерството за транспорт. Документот е поднесен во Парламентот на ОК и во Домот на лордовите, каде што ќе се гласа за истиот. Доколку промените бидат изгласани, тие ќе стапат на сила по 40 парламентарни денови.

Претходна објаваToyota GR Yaris со награда од читателите на Auto Bild Sportscars
Следна објаваAudi во рестораните ќе служи само пилиња на кои им било убаво

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here