за

Audi во рестораните ќе служи само пилиња на кои им било убаво

Audi прв се придружи на движењето за користење исклучиво месо од пилиња што се одгледувани по високи стандарди.

Одржливоста и добросостојбата на животните стануваат клучни состојки во гастрономијата на Audi. Баварскиот производител е прв во автомобилската бранша што се придружува на европската иницијатива за контролирано товење пилиња.

Во рестораните на Audi ќе се внимава посебно на одржливоста и на добросостојбата на животните. Audi е прв производител на автомобили што се придружува на европската иницијатива за контролирано товење пилиња. Тоа значи дека баварскиот производител на автомобили се обврзува, најдоцна по 2026 година, за своите ресторани во Германија да набавува исклучиво месо од пилиња што се одгледувани според критериуми за добросостојба на животни, кои се построги од важечките минимални стандарди.

Со тие критериуми, меѓу другото, се предвидува повеќе простор и дневна светлина за животните, како и ограничено товење. Пилињата ќе имаат на располагање и еден вид ограда на којашто можат да се качуваат, а исто ќе добиваат и материјал за „занимација“ за колвање. Во иницијативата досега се придружија 30 невладини организации.

„Со придружувањето во европската иницитаива за товење пилиња испраќаме јасен сигнал до производителоте на место и им влеваме сигурност дека ние сме подготвени како потрошувачи“, изјави Викторија Брошајт, директорка на гастрономскиот синџир на Audi.

Audi во своите ресторани постојано внимава на намалување на СО2-отпечатокот, ја смалува количината на отпадна храна и на пакување, а секакод ека се внимава и на почитувањето на социјалните стандарди кај добавувачите. Во фабриките на Audi во Германија се вработени околу 60.000 лица.

Критериуми за контролирано товење живина

Стандард во Германија Иницијатива за контролирано
товење живина
Место до 26 животни
на m² (39 kg/m²)
до 20 животни
на m² (30 kg/m²)
Прихрана претерана ограничена
Дневна светлина делумно да
Стојалки нема 2 m на 1.000 животни
Можности за колвање нема 2 предмети
на 1.000 животни

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Нови закони во Англија: Метар и пол од пешак, два метри од коњаник

Акио Тојода во претстава под работен наслов „Баравте гледајте“