Северноамериканскиот пазар секако дека беше важна ставка во преговорите меѓу PSA Peugeot Citroen и Fiat Chrysler. Новонастанатиот концерн Stellantis во почетокот од годинава објави дека Peugeot нема официјално да се продава во САД и Канада. Но, тука е Мексико.
Мошне интересни бројки во извештајот за продажбата на автомобилските марки на концернот Stellantis на пазарот во Мексико. Во ноември, од речиси дузината марки во рамките на француско – германско – италијанско – американскиот концерн биле продадени вкупно 4.456 возила на мексиканскиот пазар.
Не е тешко да се претпостави дека Dodge, RAM и Jeep водат во продажбата меѓу марките на Stellantis. Но, пријатно е изненадувањето кога ќе се забележи дека Peugeot не заостанува многу зад марките што имаат подолг континутитет во земјата на југот на Северна Америка.
Наспроти 1.459 продадени примероци од Dodge, потоа 1.106 возила од пикап-специјалистот RAM и 983 возила од марката Jeep, Peugeot во ноември им испорачал 760 возила на возачките и возачите во Мексико. Најпродаван модел е Peugeot 301, со раст во продажбата од 74% наспроти истиот месец лани. Пикапот Peugeot Landtrek постигнал зголемување во продажбата од 56% во споредба со лани. Конкретни бројки за продажбата се достапни само за Peugeot 2008. Од компактниот СУВ во минатиот месеци биле продадени 225 примероци.
Peugeot во Мексико продава најдобро од европските марки на Stellantis
Останатите марки на Stellantis се послаби во продажбата. Alfa Romeo, на пример, во Мексико продала само 11 возила во ноември. Chrysler испорачал 54 возила, со тоа што Pacifica постигнал најдобра ноемвриска продажба по 2016 година. Fiat продал 83 возила.
Лидер од Dodge е моделот Attitude со 818 примероци. Dodge Durango имал најдобар ноември по 2015 година. Новиот Journey дополнува со 473 возила.
Jeep постигнал раст од 3%, со најпродаван модел Wrangler со 417 примероци. Тоа исто така е најдобар ноември за овој модел, во историјата. Jeep Renegade и Compass постигнале раст од 30% и 28%, додека Wagoneer во првиот месец на пазарот се продал во 27 примероци.
Специјалистот RAM испорачал 1.106 возила. RAM 4000 во ноември годинава го надминал рекордот од 2016 година. Од моделот Light Duty се продадени 684 возила и точно 30 примероци од Heavy Duty.
>>> Peugeot 3008 Hybrid4 е лав со одмерен залак

















