за

Renault Kadjar добива наследник, името му е Austral

Името Austral потекнува од латинскиот збор australis и избрано е затоа што звучи добро на повеќето европски јазици, посебно на француски, домашниот јазик на Renault.

Според Силвија Дос Сантос, менаџерка во одделението за маркетинг, задолжена за изборот на името на моделите на Renault, Austral се поврзува со живоста и врелината на јужната полутопка. Понатаму, името Austral повикува на патување и совршен избор е за СУВ. Секако дека е важно името да звучи пријатно и лесно да се изговара.

Renault го најавува новиот СУВ како модел со висока технологија, просторност и уживање за возење. Французите ветуваат дека со Austral внесуваат новина во C-сегментот, во компакт класата. Каросеријата долга 4,51 метри нуди пет седишта. Austral на латински значи „јужно“ или „од југот“.

Austral покажува дека Renault е на пат да го врати местото што некогаш ѝ припаѓаше на марката во СУВ-сегментот. Кросоверот Arkana (кај нас Megane Conquest) и новиот Mégane E-TECH Electric веќе уверија дека француската марка се враќа на сцената во сјај во каков што отсекогаш ја помниме.

Продажбата ќе стартува напролет, Renault Austral доаѓа на местото на Kadjar.

>>> DHL го донесе електричниот погон во курирската служба во Македонија

⇒ На нашиот онлајн каталог Avtosalon.mk можете да ја погледнете целата понуда на Renault и на останатите марки на македонскиот пазар, со сите технички податоци, со сериската опрема и секако со цените на сите модели.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На Peugeot му оди добро и во Мексико

Opel Mokka е „Дизајн на годината“ за британскиот Top Gear