за

Opel Mokka е „Дизајн на годината“ за британскиот Top Gear

Новата генерација на Opel Mokka освои награда за најдобар дизајн во изборот на автомобил на 2021 година на Top Gear.

Првиот модел со новиот дизајнерски јазик на Opel се докажа на Top Gear Awards 2021. Британските автомобилисти оценија дека Opel Mokka изгледа најдобро од сите модели што се натпреваруваа за титула годинава.

Според британскиот магазин Top Gear, компактниот СУВ-модел Opel Mokka се издвојува во уличната слика со својот впечатлив изглед. Mokka и нејзината електрична изведба Mokka-e први го прикажаа „визорот“ во предниот дел од возилото, што е најсилно обележје на новиот дизајн на германската марка. Целината од црната маска и тенките диодни светла што директно преоѓаат во маската личи на визор од мотоциклистички шлем, па оттаму и името на овој дизајнерски елемент, Opel Vizor.

Логото на Оpel e поставено точно во точката во којашто се спојуваат работ по должината на хаубата и линијата што го спојува горниот раб на предните светла. Истиот трик со логото и со светлата е применет и во опашот на возилото. Кусите каросериски превиси напред и назад внесуваат моќна динамика во ставата на Opel Mokka.

Џек Рикс, уредник на Top Gear, коментира: „Mokka мора да биде најубав нов автомобил на 2021 година, во дружина што ја сочинуваат суперавтомобили и свежи изданија на моќни моделски имиња. Основата е супер моќна: Ставата, пропорциите, површните и графиката, сé e беспрекорно. Таа е самоуверена без да изгледа луто, пријателска е без да изгледа како од цртан филм“.

Дизајнот со посебен печат продолува и во внатрешноста. Mokka е прв модел на Opel што доаѓа со новиот Pure Panel. Станува збор за два големи дисплеи, еден пред возачот, вториот во средината на копитот, коишто се споени во целина што изгледа впечатливо. Задржани се некоклу физички копчиња, за брзо пристапување до одредени функции, без да се одвлекува вниманието на возачот.

Пакетот го заокружува коефициентот на отпор на воздухот 0.32 Cd, што е меѓу најниските во класата. Во споредба со претходничката, отпорот на воздух е смален за 16 проценти при возење по автопат. 

Електричната изведба Mokka-e неодамна ја освои титулата „Златен волан“ за 2021 година. Во истиот стил продолжува новата генерација на Opel Astra, којашто ќе стартува со продажба во почетокот на следната година.

Секако дека Opel Mokka беше на тестирање во нашата редакција, при што подготвивме еден посебен предизвик: Една иста рута ја возевме двапати, еднаш со поголема брзина, еднаш побавно, за да споредиме какво влијание ќе има брзината врз потрошувачката на гориво и колку време воопшто се „заштедува“ ако се притисне малку повеќе врз педалата.

>>> Тест на Аутомедиа: Колку корист од брзото возење?

⇒ Во нашиот онлајн-каталог на сите нови автомобили на македонскиот пазар Avtosalon.mk ќе ги најдете сите податоци, опрема и цени за Opel Mokka.

https://avtosalon.mk/listings/opel-mokka-1-2-di-turbo-base-2/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Renault Kadjar добива наследник, името му е Austral

Руските камиони GAZ почнаа да возат во Австралија