Илон Маск е „веројатно најдобриот пример за масивна пресвртница во нашето општество“, стои во објавата на влијателниот американски магазин Тајм.
Првиот човек на Tesla и сопственик на компанија за вселенски патувања е избран за личност на годината од страна на американскиот Тајм Магазин. „Личноста на годината е знак за влијателност и само неколкумина имаат поголемо влијание од Маск врз животот на Земјата, а можно е и врз животот вон Земјата“, напиша главниот уредник Едвард Фелзентал во објавата во понеделникот.
Педесетгодишниот Маск, кој освен Tesla раководи и со приватната компанија за вселенски патувања SpaceX, важи за најбогат човек во светот, со капитал проценет на повеќе од 300 милијарди долари.
Фелзентал понатаму пишува дека Маск „веројатно е најдобар пример за масивна пресвртница во нашето општество“. Неоспорно е дека најсилен печат врз животот во денешницата ставаат производите на неколку магнати, како Марк Цукерберг од Фејсбук, Џеф Безос од Амазон и самиот Маск.
Ова своевидно признание за Илон Маск, кој е родум Јужноафриканец, претставува доказ дека тој со својата компанија за електрични автомобили Tesla раздвижи цела една индустрија. Покрај тоа, техно-милијардерот станува сé повлијателен и во меѓународните вселенски патувања и вложува во технологии на иднината, како што се вештачката интелигенција, невротехнологијата и крипто-валутите.
Во објавата на Тајм се наведува дека најбогатиот човек во светот „лансира сателити во орбита и го користи сонцето; тој вози автомобил што самиот го има создадено, што не троши бензин, па дури и возач не му е потребен. Со еден потег со прстот, тој може да ги качи акциите или да ги обезвредни.“
Покрај личност на годината, Тајм ги прогласи изумителите на вакцините против Ковид 1 за херои на годината, гимнастичарката Симон Бајлс е атлетичарка на годината, а пејачката Оливија Родриго е забавувачка на годината. Тајм избира за личност на годината речиси еден век.
>>> Линк до објавата на магазинот Тајм:
https://time.com/person-of-the-year-2021-elon-musk/