Toyota FT-1 на чекор поблиску до реалноста

Јапонците по втор пат го прикажуваат концептот FT-1 на важен јавен собир, со што се потврдуваат плановите од него да произлезе наследникот на легендарната Supra.

Toyota предизвика огромно вниманиена салонот во Детроит во јануари со прикажувањето на концептот на суперспортски автомобил FT-1. Тркачот првично беше развиен со цел да се појави во тркачката симулација Gran Turismo 6, но уште тогаш беше јасно дека Toyota всушност го опипува пулсот на автомобилската јавност за можниот наследник на спортското купе Supra. Концептот FT-1 деновиве го доживува второто појавување пред јавноста на важен настан, конкретно на собирот во Пебл Бич.

Посебно за појавувањето на Пебл Бич, FT-1 доби нова боја на каросеријата и модифицирана внатрешност. Место во црвена боја, каросеријата на моќното купе сега е во графитно сива боја, со којашто уште подобро се нагласуваат контурите на возилото. Засега Toyota FT-1 вози само во виртуелниот свет – во септември ќе почне дистрибуцијата на тркачката симулација Gran Turismo 6. Премиерата на наследникот на Supra се очекува во 2017 година.

Претходна објаваНовата серија 7 на BMW ќе дебитира в година на салонот во Франкфурт
Следна објаваОвие четири малечки пристигаат наесен

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here