Изработете сами Toyota Celica – за во дневната соба

toyota celica maketa
toyota celica maketa

Toyota секогаш има по некој јубилеј за одбележување. Годинава тоа се 50 години од претставувањето на првата Celica, на спортското купе што имаше голема кариера на светскиот пазар, но и уште повпечатливи успеси во релито. За деновиве што повеќе ги минуваме по дома, имаме еден интересен предлог: Може да го изработите овој легендарен модел од хартија, брзо и едноставно.

Љубителите на марката Toyota и општо на автомобилите, со задоволство ќе се препуштат на ова уживање, во духот на времето пред персоналните компјутери и паметни телефони и времето на печатените медиуми. За одбележување на половина век од претставувањето на спортското купе Toyota Celica, јапонскиот производител ја poнуди оваа макета за изработка на светски познатиот автомобил – од хартија.

Доволен е печатар во боја или куса посета на некое од бројните графички студија кај нас, кои тоа ќе го испечатат професионално, како и лепило за хартија и ножици. Освен тоа, секако дека е потребно малку време и повеќе трпение, малку повеќе грижа за совршена изработка, можеби слично на стилот на фамозните такуми занаетчии.

Уште еден предлог: Составената макета фотографирајте ја и испратете ја до профилите на Тојота Ауто Центар на социјалните мрежи.

Преземете тука >>> Toyota Celica 1973 макета

toyota celica maketa
Преземете го шаблонот за изработка на макетата од Toyota Celica 2000 GT од 1973 година
Повеќе за овој важен модел на Toyota можете да прочитате во нашата објава за 50-годишнината

Toyota Celica TA22 или кола за првиот ден по Нова Година

Toyota Celica TA22 istorija

Претходна објаваKoenigsegg подготвува „основен“ модел: 700 КС и под милион евра
Следна објаваSportage и во Америка меѓу најпродаваните модели на Kia

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here