за

Toyota Auris Hybrid извозе 100.000 километри без дефект

Хибридната изведба на Auris го постигна најдобриот резултат на супертестот на магазинот auto motor und sport. Додека другите возила имаат барем по еден дефект, Toyota издржа без ниту еден.

Експертите на германскиот магазин ја ценат особено погонската техника на јапонскиот компакт и наведуваат дека „хибридниот погон е значително посложен и со тоа е повеќе подложен на дефекти отколку класичниот погон.“ Toyota го докажа спротивното и работеше беспрекорно за целото времетраење на двегодишниот супертест на 100.000 километри. Освен редовното сервисирање, Auris ниту еднаш немаше потреба да ги посети сервисните работилници на марката. По 98.805 километри беше заменета само една светилка за соборено светло.

Магазинот ги врши супертестовите уште од 1962 година и оттогаш повеќе од 300 возила ја минале пробата на издржливост. На почетокот се тестираше на 15.000 километри, а од 1976 година возилата се тестираат на 100.000 километри.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

30-годишнина на Alfa 33

Новата Mazda3 прикажана истовремено во пет градови