Новата Mazda3 прикажана истовремено во пет градови

Јапонците одржаа статичка презентација на новата Mazda3 истовремено во пет градови во светот. Салонската премиера ќе ја чекаме до септември во Франкфурт, а продажбата стартува веднаш потоа.

Со 3,5 милиони примероци од првите две генерации, Mazda3 е еден од најуспешните модели во историјата на марката од Хирошима. На прв поглед, новата има големи изгледи да го продолжи овој успех. Исто како Mazda6 и кросоверот CX-5, новата тројка ја следи актуелната дизајнерска линија на марката со име Кодо, која што се одликува со меки и елегантни, но во исто време и моќни линии. Кај компактната Mazda3 разиграниот дизајн на каросеријата е уште повпечатлив отколку кај поголемите модели.

Новата Mazda3 има иста должина со претходникот, но е за 20 милиметри пониска и за 40 милиметри поширока. Меѓуоскиното растојание пораска за 60 милиметри и тоа ветува повеќе простор во кабината, но и поголем комфор во возењето. Понудата од мотори се состои од три бензинци со моќност меѓу 100 и 165 КС, како и од еден дизел со 150 КС. Сите мотори се комбинирани со шестстепен мануелен менувач, а со доплата се добива автооматски менувач исто така со шест степени.

[one_half]

Статичка презентација на новата Mazda3 во исто време во Лондон...
Статичка презентација на новата Mazda3 во исто време во Лондон…

[/one_half]

[one_half_last]„Се околу новата Mazda3 е возбудливо, од тоа како изгледа и какво е чувството што го нуди, до динамичните перформанси, будната реакција, издржливоста и економичноста“, изјави шефот на Mazda во Европа, Џеф Гајтон. „Веќе имаме големи очекувања во поглед на продажбата на овој модел, но претпоставувам дека може да има и изненадувања.“[/one_half_last]

[one_half]

... Истанбул...
… Истанбул…

[/one_half]
[one_half_last]

... Санкт Петерсбург... и уште во Њујорк и Мелбурн
… Санкт Петерсбург… и уште во Њујорк и Мелбурн

[/one_half_last]

Како што е вообичаено кај новите моделски генерации, Mazda3 доаѓа со нов концепт на интеграција на паметни телефони, со што во автомобилот се достапни електронска пошта, СМС, Aha-Radio, фејсбук, твитер, мобилни апликации и навигација. Во поглед на безбедноста, Mazda3 тежнее кон врвот на класата. Обемот на сериската и дополнителната безбедносна опрема опфаќа систем за предупредување при пречка на патот и автоматско сопирање ако возачот не реагира при предупредувањето, самостојно запирање при градски брзини на возење, радарски темпомат, систем за следење лента, предупредување при преблиско растојание до возилото напред и автоматско долго светло.

Претходна објаваToyota Auris Hybrid извозе 100.000 километри без дефект
Следна објаваНов Mercedes GLK во 2015, нов Audi Q5 во 2016