Сцената со нетрпение чека да ги види новите видови на мобилност што Toyota ги подготвува како партнер на Олимпијадата Токио 2020. Ова електрично возило со отворени страници ќе се грижи за превоз на куси растојанија на спортистите, судиите и посетителите. „APM“ е само најава и најмалку спектакуларното возило што ќе се појави таму. Сепак станува збор за Toyota и за Јапонија.
Силна душа иноватотска не додржа, па мораше уште летово да се покаже автомобилот кој ќе биде дел од возниот парк за Олимпијадата Токио 2020. Но, сцената го бараше тоа. Toyota е партнер за мобилност и уште од почетокот беше јасно дека светскиот број 1 – или број 1,01, во споредба со продажбите на VW лани – ќе ги впрегне сите свои капацитети и ќе направи сé, за олимписките и параолимписките игри на „домашна“ почва да ги искористи како прествртница кон видовите на мобилност за иднината.
Првото возило што го прикажува Toyota ја носи ознаката APM, кусо од Accessible People Mover или пристапен превоз на луѓе. Покрај атлетичарите и службените лица, возилото ќе ги превезува и посетителите до „борилиштата“. Јапонците особено внимаваат на лицата со потреби, па е сосем нормално тоа што APM ги исполнува и сите барања во тој поглед. Овој квадрицикл со покрив и нулта емисија е развиен и за постарите лица, трудниците и за семејства со мали деца.
https://photos.app.goo.gl/N3NbKefoZuUd1CAr6
Возниот парк од 200 примероци од APM ќе врши превоз до натпреварите и настаните, но и до Олимпиското Село и до останатите места што не се достапни јавно
APM ќе се движи бавно и на покуси растојанија, но со сета грижа ололу безбедноста на патниците. Пристапот е од двете страни, а има место за шест патници во три редови, со распоред 1+3+2. Возачот седи средишно и на малку повисоко, заради подобар преглед кога во возилото се симнуваат или качуваат патници. За лица во количка е предвидено трите седишта во средниот ред да се преклопат и да ослободат простор. Постојат посебни тиочки за прицврстување во подот, а секако дека има и рампа.
https://photos.app.goo.gl/pfi6Cn4R1gqWS9dM6
Уште една „јапонска“ замисла е тоа што APM ќе може да се користи и како амбулантно возило, со лесно соборување на дел од седиштата и простор за две медицински лица.
Нема податок колку вкупно видови возила ќе бидат подготвени во Toyota за Токио 2020, но веќе пристигаат информации за следните возила.
















