за

Производители здружени против Трамп бараат построги издувни норми

Производители против Трамп
Производители против Трамп

Американската влада планира да ги укине строгите норми за издувни гасови, производителите се противат. Volkswagen, BMW, Ford и Honda на тајна средба склучија договор со сојузната држава Калифорнија, со којшто се обезбедува намалување на емисиите на стакленичните гасови. Се спротивставуваат два финансиски интереси: Нафтата од една страна, производителите на автомобили од друга. Едните сепак мислат добро.

Volkswagen, BMW, Ford и Honda во четвртокот случија договор со калифорниската агенција за животна средина Carb, со цел да се применуваат строги стандарди и да се намалат емисиите на стакленичките гасови од возилата.

Владата на Трамп веќе подолго време планира да ги поништи стандардите за издувни гасови што беа поставени во времето на Обама. Според постоечката регулатива, автомобилите произведени по 2025 година мора да минуваат најмалку 54,5 милји со галон гориво. Според метричкиот систем, тоа значи дека потрошувачката по 2025 година мора да биде пониска од 5,2 литри на сто километри.

Трамп сака да ги укине строгите норми. Калифорнија се противи. Најголемиот пазар за автомобили во САД се закани дека ќе го искористи правото да воведе сопствени норми за издувни гасови, кои прилично се поклопуваат со плановите од времето на Обама. Уште 13 сојузни држави најавија дека ќе ги усвојат калифорниските стандарди. Белата Куќа се подготвува уште летово да ги реализира своите планови. Моментно се водат повеќе од 50 правни спорови меѓу владата на Трамп и Калифорнија.

Производителите може многу да ги чини доколку мораат да произведуваат посебни автомобили за 14 од вкупно 50 сојузни држави, во коишто ќе владејат построги издувни норми

Во минатиот месец, 17 автомобилски компании потпишаа писмо до владата на Трамп, во коешто производителите предупредија за „долг период на нестабилност“. Тоа не донесе многу корист. Новиот „дил“ на производителите на автомобили со калифорниските власти предвидува мало ублажување на идните норми, кои сепак ќе бидат построги од нормите што ги предлага Трамп.

Откако му се спротивставија на Трамп, производителите на автомобили стравуваат дека Белата Кужа може да се одмазди преку високи царини за увозот на автомобили од Кина или Европа. Царините би ги погодиле и американските концерни, кои исто така произведуваат многу автомобили надвор од САД. Од Белата Куќа уште нема одговор за договорот меѓу четирите производители на автомобили со калифорниските власти.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

toyota apm tokyo 2020

Оваа Toyota ќе ја извози целата Олимпијада Токио 2020

Renault Megane RS Trophy-R Spa rekord

Renault Mégane R.S. Trophy-R го симна рекордот на Спа за пет секунди