за

Toyota почнува со тестирање на i-Road за јавноста

Во следните три месеци Toyota ќе го отстапи иновативниот авто-скутер на тестирање на дваесетина автомобилски експерти, трендесетери и јавни личности.

Целта на тестирањето на i-Road во јавноста е да се демонстрира ефикасноста на необичното возило со погон на струја во секојдневието. I-Road нуди оригинално чувство во возење, како комбинација од скутер и автомобил. Примероците што ќе бидат достапни за тестирање од јавноста на улиците во Токио се базирани врз концептниот автомобил што беше прикажан на последниот авто салон во Токио. Оттогаш инженерите на Toyota ги подобрија прегледноста, практичноста и маневрирањето. Десет примероци од i-Road ќе им се отстапат на тестирање на 20 избрани личности од јавната сфера, од експертската јавност и од круговите што ги одредуваат новите трендови.

Технички податоци : Toyota i-Road

Должина 2,345 mm
Ширина 870 mm
Висина 1,455 mm
Тежина на празно возило 300 kg
Гуми напред 80/90R16
Гуми назад 120/90R10
Седишта 1
Круг на вртење 6.0 m
Погон 2 електромотора
Брзина 60 km/h
Досег 50 km
Батерии Литиум јон

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Американец украл половина милион долари од паркомати

Porsche ја најде причината за пожарите на 911 GT3