за

Американец украл половина милион долари од паркомати

Поранешен инспектор во американскиот град Берген украл од градот повеќе од 460.000 долари. Американецот крадел во просторијата каде што се чувале ситните пари од паркоматите. За 25 месеци, Томас Рика присобрал 1,8 милион ситни монети.

Градскиот инспектор Томас Рика го злоупотребил слободниот пристап до просторијата во којашто се чувале ситните пари собрани од паркоматите. На секое заминување од просторијата, тој си земал цели вреќи полни со монети од по четвртина долар. Во минатиот јануари, Рика бил отпуштен затоа што се открило дека украл 500 долари.

Натамошната истрага сепак покажала дека поранешниот инспектор се опарил многу повеќе од тоа. Американецот на возраст од 43 години ќе одговара по три обвиненија и ќе мора да го плати долгот кон градот со 25.000 жители. Законите предвидуваат петгодишна казна за овој престап, исто колку што Рика бил на служба во градската инспекција.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Многу прашина околу џиновскиот теренец на Bentley

Toyota почнува со тестирање на i-Road за јавноста