за

Toyota повторно го победи Volkswagen во битката за светски Бр. 1

Во ноември, Toyota повторно продаде повеќе возила отколку Volkswagen и со тоа е на пат да ја задржи титулата на најголем производител на автомобили во светот. Разликата е „само“ 100 илјади возила.

Во периодот од јануари до ноември, јапонската марка продаде вкупно 9,2 милиони возила низ светот и со тоа повторно е во предност во споредба со Volkswagen, кој заостана со само 100 илјади возила во битката за најголем производител на автомобили на земјината топка. Пет години во континуитет Toyota продава повеќе возила од Volkswagen. Онаа „стотка“ заостаток можеби ќе се претвореше во предност за германскиот гигант, доколку не избиеше аферата за лажните вредности на издувот на дизел моторите. Можеби сепак ќе се случи некое изненадување во последниот месец од годинава.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Проектилот на Посејдон: Овој Mercedes-AMG A45 јури со 310 km/h

Летечкиот автомобил на Американците може да оди на небото