за ,

Toyota одбележува 65-годишнина на Land Cruiser

Легендата меѓу теренските автомобили Toyota Land Cruiser го прославува 65-от роденден. Тој е првото моторно возило што заедно со Toyota Hilux го има освоено Северниот Пол.

Теренскиот автомобил кој е синоним за неуништливост годинава го прославува 65-от роденден. На најголемиот европски салон за олдтајмери, Ретро Класикс во Штутгарт, изложени се модели од сите досегашни генерации на Toyota Land Cruiser, меѓу кои најсилен впечаток имаат оставено генерацијата J4, произведувана од 1960 до 1986 година, како и генерацијата J6, од периодот меѓу 1981 и 1990 година.

Land Cruiser во својата историја има постигнато многубројни подвизи кои ја докажале издржливоста на оваа икона меѓу теренските возила, вклучувајќи го секако и првото освојување на Северниот Пол со автомобил, заедно со Toyota Hilux.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Британска фирма ветува водороден автомобил по цена на обичен

Почнува сериското производство на Honda NSX