за

Toyota е највредна автомобилска марка во светот – повторно

Во последниот извештај на Interbrand, Toyota повторно е проценета како највредна автомобилска марка во светот. Јапонците напредуваа две места погоре во генералниот пласман, со вредност проценета на 49 милијарди долари.

Со дванаесет нови или освежени модели во текот на годинава, Toyota повторно ја заслужи титулата на највредна амрка автомобили во светот, според извештајот на Interbrand за 2015 година. Јапонската компанија напредуваше две места погоре и стана шеста највредна марка на ранг-листата на светски марки од сите бранши. Interbrand ја процени вредноста на Toyota во 2015 година на 49 милијарди долари, што претставува раст од 16 проценти и нова рекордна вредност за марката.

Почнувајќи уште во јануари, Toyota ги претстави комплетно новите или освежени генерации на Prius, Tacoma, RAV4, Land Cruiser и Avalon. Покрај тоа, Toyota зачекори кон иднината на мобилноста, со почетокот на продажбата на моделот со погон на водород, Mirai, а воедно ги претстави и новите безбедносни технологии Toyota Safety Sense, предводени од самостојното запирање на возилото во случај на незгода.

Во процената на Interbrand влегува и неодамна лансираната глобална кампања Toyota New Global Architecture (TNGA), којашто му овозможува на јапонскиот производител, со намалени трошоци за развој да постигне напредок во перформансите на своите автомобили. Покрај тоа, Toyota е активно присутна и во општествената сфера, преку Toyota Mobility Foundation, којашто придонесува за унапредување на мобилноста на глобално ниво, како и i-Road, како иновација на полето на индивидуалната мобилност.

Interbrand ги оценува стоте највредни марки во светот според единствена методологија, преку анализа на сите начини на кои што марката ја тангира и носи бенефит за организацијата, почнувајќи од ангажирање на врвни експерти до исполнување на очекувањата на купувачите. Клучна улога за одредувањето на вредноста на марката имаат три аспекти: Финансискиот ефект на брендираните производи или услуги, учеството на марката при изборот на купувачите, како и способноста на марката да ја оправда цената или да обезбеди придобивки за компанијата.

# Во ген. пласман Марка Земја Вредност (милијарди долари) Промена во споредба со 2014
1 6 Toyota Јапонија 49,048 +16%
2 11 BMW Германија 37,212 +9%
3 12 Mercedes-Benz Германија 36,711 +7%
4 19 Honda Јапонија 22,975 +6%
5 35 Volkswagen Германија 12,545 -9%
6 38 Ford САД 11,578 +6%
7 39 Hyundai Јужна Кореја 11,293 +8%
8 44 Audi Германија 10,328 +5%
9 49 Nissan Јапонија 9,082 +19%
10 56 Porsche Германија 8,055 +12%
11 74 Kia Јужна Кореја 5,666 +5%
12 79 Harley-Davidson САД 5,460 +14%
13 85 Chevrolet САД 5,133 +2%
14 87 Land Rover Велика Британија 5,109 +14%
15 98 Mini Велика Британија 4,243

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Технологија од играчките конзоли во развојот на нови модели во Audi

Volkswagen стартува со сервисниот повик во јануари