за ,

Технологија од играчките конзоли во развојот на нови модели во Audi

Техничарите на Audi имаат нова „играчка“. Пред да се изработат завршните прототипи од идните модели, тие проверуваат како работниците ќе ги склопуваат возилата користејќи технологија што буквално им чита од дланките.

Долго пред да се изработат првите прототипи од моделите што дури за неколку години ќе бидат воведени во моделската понуда на Audi, инженерите од центарот за претсерија ги проверуваат чекорите што работниците ќе ги извршуваат при монтажата на возилата, користејќи тридимензионална проекција. Техничарите од центарот виртуелно ги склопуваат возилата, проверувајќи колку практично се изведуваат одделните чекори и колку се почитуваат ергономските норми за работниците на монтажната лента. Audi моментно стартува пилот проект, во кој техничарите за првпат ќе ги вградуваат компонентите во виртуелното возило користејќи едноставна гестикулација со дланките и прстите.

Проектот се тестира во услови на Cave Automatic Virtual Environment (CAVE), кој се состои од проекциски површини на подот и на ѕидот, на кои проекторите прикажуваат тридимензионални слики од компонентите. Резултатот од тоа е виртуелна реалност во којашто инженерите на Audi можат да пристапат користејќи тридимензионални очила.

„Играчките конзоли се совршени за нас, бидејќи се релативно евтини и се развиваат брзо“, вели Кунц
„Играчките конзоли се совршени за нас, бидејќи се релативно евтини и се развиваат брзо“, вели Кунц

Развојните инженери на Audi веќе подолго време користат контролери од играчката конзола Playstation при конструирањето на сериските возила. Наскоро, место овие контролери ќе се користи гестикулација. „Намерата ни е преземањето и движењето на компонентите да го направиме поинтуитивно во иднина,“ објаснува Катарина Кунц, развоjнa инженерka за виртуелна валидација во Audi. Таа моментно го тестира Myo – лента за мускулите на подлактицата, развиена за играчките конзоли заради контрола преку гестикулација.

Лентата ги мери напрегањата во подлактицата и препознава дали корисникот ја движи раката или прстите. Овие податоци потоа се пренесуваат до компјутер преку блутут. Компјутерот во исто време ги користи и координатите на моментната позиција на корисникот, со помош на инфрацрвена камера поставена на таванот. Камерата е Kinect – контролен хардвер од играчките конзоли. За лентата Myo да не го препознава секое можно движење како наредба за контрола, корисникот го активира системот допирајќи го палецот и средниот прст.

Катарина Кунц и нејзиниот тим честопати користат технологија од играчките конзоли: „Тие се совршени за нас, бидејќи се релативно евтини и се развиваат брзо.“ Инженерите во центарот за претсерија планираат да го користат Myo во секојдневната работа во следните неколку месеци.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Овој мотоцикл на BMW е измислен за каскадери

Toyota е највредна автомобилска марка во светот – повторно