за

Toyota го произведе едномилионитиот мотор во Полска

Пример за глобалното присуство на Toyota: Едномилионитиот мотор од Полска ќе се вгради во фабриката во Британија, во Avensis

Фабриката на Toyota во Полска произведе еден милион мотори. Јубилејниот мотор е дволитарски дизел, кој што во британската фабрика во Дербишир ќе се вгради во моделот Avensis. Моторите од фабриката Toyota Motor Industries Poland или скратено TMIP се испорачуваат во производствените погони на Toyota во Англија, Франција, Турција, Јужна Африка и Јапонија. Во фабриката работат 740 лица во две смени, а Toyota досега има инвестирано преку 250 милиони евра на оваа производствена локација.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mitsubishi најавува спортска верзија на Outlander PHEV

Volvo произведен во Кина ќе се продава во САД