Volvo произведен во Кина ќе се продава во САД

Напливот од евтини автомобили од кинески марки низ светот веројатно нема да се случи уште долго време, но веќе се случува автомобил од звучна марка и од кинеска продукција да се извезува на големиот пазар во САД.

Од следната година на американските купувачи ќе им се нуди верзијата со продолжено меѓуоскино растојание од моделот Volvo S60, којашто е произведена во Кина. Шведската марка во сопственост на кинеската компанија Geely, започна со производство на S60L во минатиот октомври и фабриката е на најдобар пат да ја достигне полната продукција од 120.000 возила годишно. Со овој чекор, Volvo ќе ја испита реакцијата на купувачите во САД на возила што се произведени во Кина. Стандардната изведба на моделот од средната класа S60 е воедно и најпродаван модел на Volvo во САД.

volvo s60l usa3

Модификацијата на моделот со продолжено меѓускино растојание за околу 8 сантиметри е релативно евтина и овој „експеримент“ носи само мал ризик. Производството во Кина е поевтино, а покрај тоа и кинеската валута е посилно врзана со доларот отколку со еврото, што дава поголема стабилност. Во Канада веќе се продава Honda Fit (Jazz) произведен во Кина, а неколку помали компании постигнуваат незначителна продажба на автомобили од кинески марки на пазарот во САД. Но, со Volvo S60L за првпат се случува големо име во браншата да продава на пазарот во САД автомобил што е произведен во Кина. Кон крајот на 2015 година, Volvo ќе го претстави наследникот на актуелниот знаменосец S80, којшто ќе биде достапен и во верзија со продолжено меѓуоскино растојание, развиена посебно за пазарите во САД и Кина.

 

Претходна објаваToyota го произведе едномилионитиот мотор во Полска
Следна објаваХоландија е шампион во субвенции: Електрично комби за 5.000 евра

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here