за

Toyota постигна рекордна продажба

Јапонскиот концерн со марките Toyota, Lexus, Daihatsu и Hino продаде 9,7 милиони возила на глобално ниво во периодот од април 2012 до март годинава, што претставува зголемување од 16,3 проценти.

Само марките Toyota и Lexus забележаа светска продажба од 8,7 милиони возила, односно 17,2 проценти повеќе отколку во претходната деловна година. Со производството на новиот Toyota Avalon во Северна Америка, во верзија со стандарден и со хибриден погон, како и со зголемувањето на продукцијата во земјите во развој, Тајланд, Филипини, Индонезија и Бразил, производството надвор од Јапонија се зголеми на 5,4 милиони (+17,6%).

Во првиот квартал од годинава, Toyota продаде 192.100 возила во Европа, што е пад од околу 10 проценти. Во Северна и Латинска Америка, Океанија, на Блискиот Исток и во Африка е постигнат раст во продажбата во првиот квартал од годината. Најголем раст во овие региони е забележан на Блискиот Исток, со 25,8 проценти, односно 184.700 возила, додека во Латинска Америка се продадоа 103.400 возила, односно за 25 проценти повеќе отколку во првиот лански квартал.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Технологија на Volvo ја смалува потрошувачката за 25 проценти

Audi е најпопуларен работодавец во Европа