Toyota негодува за прикажувањето на нејзиното лого во „Брексит“

Toyota размислува за поднесување тужба против кампањата за излегување на Британија од ЕУ, во којашто се користи и нејзиното лого. Тоа според производителот може да наведе на заклучок дека го подржува „Брексит“.

Логото на Toyota, заедно со уште пет други производители на автомобили, се најде на брошура што го подржува излегувањето на Британија од Европската Унија, со пораката „гласај за излегување“. Организаторите на кампањата образложуваат дека автомобилските производители, меѓу кои Nissan и Vauxhall, го потврдиле задржувањето на производствените капацитети во земјата, без разлика на исходот од референдумот.

Јапонскиот гигант учествува со една десетина во вкупната продукција од 1,6 милиони автомобили на територијата на Велика Британија и во февруари излезе со став дека во интерес на производствените капацитети и долгорочната конкурентност на Toyota е подобро островската земја да остане во рамките во Унијата.

Тоа е спротивно од впечатокот што јавноста може да го стекне преку прикажувањето на логото на Toyota на брошурите за поддршка на излегувањето на Британија. Производителот размислува да поднесе тужба за неовластено користење на неговите заштитени трговски ознаки. Автомобилската индустрија што е присутна во земјата се темели првенствено на странски концерни и генерално е за останување на Британија во Унијата, која профитира од слободниот пристап во островската земја.

Претходна објаваKumho со концептен автомобил: Оваа Kia троши 2,5 l/100 km
Следна објаваЕлектричен Mercedes за полицијата во Саксонија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here