Tesla ги престигна Ford и GM како највредна автомарка во САД

Со берзанска вредност од 53 милијарди долари, производителот на електрични автомобили од Калифорнија во моментов вреди повеќе отколку гигантите Ford и General Motors. Инвеститорите слепо веруваат во ветувањата на Илон Маск, додека експертите веќе подолго време препорачуваат продажба на акциите во Tesla.

Илон Маск честопати го споредуваат со Хенри Форд. Пред сто години, Форд го направи автомобилот достапен за народот, воведувајќи ја подвижната лента во производството. Иста таква пионерска улога сега му се придава и на шефот на Tesla, кој со електричниот погон ја предизвика следната голема револуција во браншата. Маск уште нема постигнато погонот на батерии да биде достапен за широката публика, но светот продолжува да се надева дека и тоа ќе се случи.

Инвеститорите очигледно му веруваат на овој 45-годишен милијардер. Неговата автомобилска фирма Tesla на берзата моментно вреди повеќе отколку Ford или General Motors – педесет и три милијарди долари! Откако стартуваше со работа во 2003 година, калифорнискиот специјалист за електричен погон постојано бележи загуба. Само во последните пет години, таа има достигнато 2,3 милијарди долари. За споредба, Ford во истиот период постигна заработка од 26 милијарди долари.

Tesla со 25 илјади автомобили вреди повеќе отколку Ford со 600 илјади автомобили

Разликата меѓу големината на обете фирми е уште повеќе очигледна кога ќе се споредат бројките од продажбата. Во првото тромесечје, Tesla продаде околу 25.000 возила, додека Ford само на северноамериканскиот пазар пласираше над 600.000 автомобили. General Motors лани продаде десет милиони возила на светскиот пазар. „Малечкиот“ производител на електрични автомобили за инвеститорите сепак е повреден од обата автомобилски гиганти. Пазарот на пари очигледно верува во ветувањата на Маск.

https://automedia.mk/objavi/27486

Tesla моментно работи под полна пареа на стартот на продажбата на својот прв модел што ќе биде достапен за поширок круг купувачи. Досегашните модели на калифорниската марка беа наменети исклучиво за добро нафатираната публика што е расположена да плати за еко-луксуз. Новиот Tesla Model 3 со цена од 35.000 долари треба да стартува со сериско производство во септември. Со порастот во продажбата што ќе го донесе овој модел од средната класа, Tesla ќе прерасне од мал производител на автомобили во еден од главните играчи на сцената. Тоа воедно ќе претставува и решавачки пробив на електричниот погон.

Годишна продукција од еден милион електрични возила до 2020 година

Маск сепак го остварува планираното. До 2018 година Tesla ќе ја зголеми продукцијата на половина милион возила, а до крајот на деценијава и на цел милион. Но, многу работи треба да се случат дотогаш. Лани продукцијата достигна одвај нешто повеќе од 80.000 возила. Грешки повеќе не смее да има. Стотици илјади клиенти имаат направено преднарачки за идниот Model 3, притисокот е огромен.

Со преземањето на производителот на еколошка струја SolarCity и изградбата на гигантска фабрика за батерии во Невада, Илон Маск направи неколку ризични зафати, но инвеститорите и натаму му веруваат. Кинескиот интернет концерн Tencent неодамна го зголеми својот удел во Tesla на пет проценти, за 1,8 милијарда долари, со што Кинезите во еден потег прераснаа во еден од најголемите акционери во компанијата.

Бројни експерти се сомневаат во амбициозните планови на Маск и веќе подолго време препорачуваат акционерите да ги продадат своите удели во Tesla. Тоа што берзанската вредност на Tesla ги надминува Ford или General Motors според нив е „лудило“.

Претходна објаваСпортската изведба FR ја заокружува гамата на Seat Ateca
Следна објаваТркачки велосипеди со широки гуми се новиот тренд на две тркала

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here