Илон ќе го пресели седиштето на Tesla, властите го попречувале

Шефот на Tesla, Илон Маск, на твитер објави дека седиштето на компанијата ќе го пресели во друга американска сојузна држава. Причина е тоа што властите не му дозволуваат да продолжи со производство.

Илон Маск планира да го пресели седиштето на Tesla во друга американска сојузна држава, бидејќи Калифорнија не дозволува продолжување на производството, поради корона-кризата. Шефот на компанијата напиша на твитер дека централата и идните зделки „веднаш“ ќе ги пресели во Тексас или Невада. Визионерот и мултимилијардер Маск коментираше „искрено, тоа ја прелеа чашата“, во врска со решението на локалните власти од Аламеда, во близина на Сан Франциско, со коешто не се дозволува тамошната фабрика на Tesla да се отвори пред јуни.

Тој веднаш ќе поднесе жалба против решението. Иднината на производството во фабриката во Фремонт ќе зависи од односот кон компанијата, додаде Маск. „Tesla е последниот преостанат производител на автомобили во Калифорнија и воедно е важен извозник.“

Маск е прочуен по своите сензационалистички твитови

Маск се побуни против затворањето на фабриката уште во почетокот на ширењето на корона. Подоцна тој коментираше дека ограничувањата на основните права се „фашистички“.

Техно-мултимилијардерот е познат по тоа што со своите необични и категорични ставови на твитер предизвикува многу внимание и контроверзи. Само во изминатава недела, неколку негови твитови доведоа до намалување на берзанската вредност на Tesla за неколку милијарди долари.

Пазарот во Кина се враќа во нормала, Tesla Model 3 најпродаван електромобил

 

Претходна објаваМоже ли Peugeot 2008 да го преземе водството од Renault Captur?
Следна објаваОва комбе ги лови штетните честички на лице место

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here