Tesla постигна нов продажен рекорд

Tesla сама ќе ги „завиткува“ автомобилите на клиентите во Кина

Калифорнискиот производител на електрични автомобили Tesla поставил нов продажен рекорд во првиот квартал. На клиентите во периодот од јануари до март им биле испорачани 184.800 возила.

Двојно зголемување на продажбата на електрични автомобили на Tesla во првото тромесечје од 2021 година во споредба со истиот период лани. Tesla го подобри и продажниот резултат од последниот квартал од минатата година, кога исто така беше поставен рекорд за компанијата на Илон Маск.

Пораснало и производството во трите месеци, вкупно 180.338 автомобили изглегле од фабриките на Tesla во периодот меѓу јануари и март. Секако, и тоа е нов рекорд за произведени возила во еден квартал.

Во периодот меѓу октомври и декември лани, Tesla испорача 180.570 нови автомобили. Многумина очекуваа дека продажбата ќе позапре во почетокот од годината, меѓутоа Tesla се подобри уште еднаш и постави нов рекорд.

>>> Кина стравува дека Tesla врши шпиoнажа

Претходна објаваРекордна продажба на електричниот Audi e-tron во САД
Следна објаваСветскиот автомобил на годината ќе биде познат на 20-ти април

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here