Кина стравува дека Tesla врши шпиoнажа

Во Швајцарија од воз право во Tesla

Кинеските власти стравуваат од шпиoнажа преку камерите што се вградени во возилата на американскиот производител на електрични автомобили Tesla.

Кинеската влада им забрани на голем број воени лица, државни службеници и соработници на фирми од стратешко значење да возат автомобили Tеsla. Покрај тоа, се воведува и забрана за автомобилите да се паркираат во одреднеи подрачја. Кинезите стравуваат дека камерите што се вградуваат во возилата може да се користат за шпионажа.

Камерите постојано ја снимаат средината околу возилото. Tesla сака да ги користи податоците со цел да ја усоврши работата на својот систем за автопилотирано возење. Податоците се испраќаат во САД, а Кина смета дека тоа претставува опасност по националната безбедност.

Шефот Илон Маск во виртуелна дискусија нагласи дека неговата компанија постапува доверливо со податоците. Најголемиот пазар за автомобили во светот, Кина, посебно е важен за Tesla. Калифорниската компанија има изградено и фабрика во Шангај, од каде што го покрива големиот пазар. Лани Tesla продала 150.000 автомобили во Кина, што е една третина од вкупната продажба на компанијата.

>>> Tesla ја смалува продукцијата на Model 3, чиповите доаѓаат од Тексас

Претходна објаваCastrol нуди „масло“ и за електричните автомобили
Следна објаваПожар во фабрика за чипови во време на криза од чипови

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here