за

Tesla ја смалува продукцијата на Model 3, чиповите доаѓаат од Тексас

Tesla ќе го скуси бројот на произведени возила во фабриката во Фремонт. Причините уште се неразјаснети.

tesla фабрика кина

Матичната фабрика на Tesla во калифорнискиот Фремонт во следните недели ќе произведува помал број примероци од Model 3 од обично. Засега е сигурно дека барем една од монтажните ленти ќе мирува до 7-ми март, според веста што ја објави агенцијата Блумберг. Причини не се наведуваат, но сосем е извесно дека не станува збор за намален интерес за најпродаваниот модел на марката електрични автомобили.

Постојат гласини дека причина е недостигот од чипови. Тој проблем веќе наведе и голем број други фабрики ширум светот да ја скусат продукцијата. На тоа се надоврзуваат и големите студови во американската сојузна држава Тексас, во којашто се наоѓаат фабриките на голем број производители на чипови.

Овие производители мораа привремено да ја прекинат продукцијата поради студот и недостигот од електрична енергија. Со тоа уште повеќе се зголеми проблемот околу испораката на неопходните чипови. Не е познато колку ќе се намали продукцијата на Tesla.

Недостигот од чипови во минатите месеци присили голем број производители на автомобили да го прекинат производството. Меѓу погодените компании се General Motors, FCA, Ford, Toyota и Volkswagen. Откако автомобилското производство беше силно погодено уште во првиот удар од корона-кризата, индустријата закрепна до есента, порано од очекувањата. Во меѓувреме, производителите на чипови се посветија на испорака на чипови за други клиенти и бранши, особено за производителите на лаптопи и играчки конзоли. Кризата доведе до зголемување на побарувачката за овие уреди. Автомобилската индустрија е далеку помал потрошувач од индустријата на забавувачка електроника.

>>> Фабрики за автомобили мируваат, недостигаат чипови

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

volkswagen id 4 амблем

Volkswagen од летово ќе произведува по 1.400 електрични автомобили дневно во Цвикау

bugatti type 57s 1937 bonhams 21

Редок Bugatti Type 57S се проценува на осум милиони евра