за

Фабрики за автомобили мируваат, недостигаат чипови

Фабрики на неколку автомобилски марки мораа да го запрат производството поради светскиот недостиг од компјутерски чипови.

Забавувањето на авто пазарот ги погодува и производителите на чипови

Honda, Volkswagen, Toyota се само неколку од големите автомобилски производители што мораа да стават дел од своите фабрики во мирување поради кусокот од полупроводнички компјутерски чипови во светски рамки.

Полупроводниците се клучен дел од инфо-забавните системи на денешните автомобили, исто како и од системите за асистенција, а секако и од мноштвото електрични склопови во возилата. Корона-кризата уште еднаш ја погоди автомобилската индустрија. Наглото зголемување на побарувачката за потрошувачка и забавна електроника, особено играчки конзоли, таблети и лаптопи, доведе до тоа фабриките за полупроводници да не можат да произведат доволно.

Honda во претстојната седмица ќе ја стави својата фабрика за Civic во Свиндон / Велика Британија во мирување, поради недостиг од компиненти. Тоа е третпат во период од два месеци, британската фабрика на Honda да мора да го подзапре производството поради проблемот со испораката на чипови. Производството ќе продолжи на 22-ти јануари, во петок.

Во минатата седмица беа погодени фабриките на Toyota во Кина, додека Audi и Volkswagen мораа на околу 19.000 свои вработени да им соопштат да останат дома, поради тесното грло со полупроводниците. Шефовите очекуваат дека овој проблем ќе опстојува во текот на целото прво тромесечје.

Според Bloomberg, производителите на потрошувачка и забавна електроника им се поважни на фабриките за полупроводници, поради тоа што од нив добиваат неспоредливо поголеми нарачки. Годишно се произведуваат околу една милијарда паметни телефони.

>>> Забавувањето на авто пазарот ги погодува и производителите на чипови

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Iveco до 2028 година ќе ѝ испорача над 1.000 камиони на германската војска

Iveco до 2028 година ќе ѝ испорача над 1.000 камиони на германската војска

Audi ја префрли целата понуда од модели на норма Euro 6d

Audi ја префрли целата понуда од модели на норма Euro 6d