за

Iveco до 2028 година ќе ѝ испорача над 1.000 камиони на германската војска

Iveco победи на голем тендер на германската армија. Одделението на Iveco што е специјализирано за одбранбени возила треба до 2028 година да испорача вкупно 1.048 воени камиони.

Iveco до 2028 година ќе ѝ испорача над 1.000 камиони на германската војска

Камионите се од типот Iveco Trakker и се одликуваат со посебна заштита на возачката кабина. Првата шаржа опфаќа 224 примероци од DV Trakker GTF 8×8.

Одделението на Iveco што е специјализирано за одбранбени возила и се води под името Iveco DV (Defence Vehicles), во првиот континтент ќе ѝ испорача на германската армија 224 примероци од DV Trakker GTF 8×8 (GTF = блиндирани транспортери) со носивост од 15 тони.

Контингентот опфаќа пет различни конфигурации на воените камиони што се базираат врз Iveco Trakker. Меѓу наградбите спаѓаат и изведби за контејнер и за кран.

Iveco во претходните години веќе има испорачано околу 2.000 воени возила за Бундесверот.

>>> Електричниот Nikola TRE ќе се произведува во Iveco

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Lada најавува нова Niva за 2024 година

Забавувањето на авто пазарот ги погодува и производителите на чипови

Фабрики за автомобили мируваат, недостигаат чипови