за

Lada најавува нова Niva за 2024 година

По повеќе од 40 години, Lada Niva ќе добие наследник. Рускиот производител го објави и првиот цртеж со изгледот на идниот модел.

Renault пред неколку денови ја претстави новата и радикална стратегија, а секако дека дел од неа е марката Lada, како дел од групацијата Renault. Русите до 2025 година ќе претстават четири комплетно нови модели.

Најголемата сензација во најавите на Lada секако дека е во веста за наследникот на легендарната Niva, којашто во практично непроменета форма се произведува подолго од 40 години. Русите не откриваат детали за новиот модел, но и дизајнерската скица говори доволно.

Концептот во бројни детали се повикува на оригиналниот модел. Хаубата е профилирана и трепкачите изгледаат како да се дел од неа, додека пластичните облоги и отворите за провертување во задните столбови се очигледно наследство од пра-моделот. Возилото на скицата изгледа мошне современо и во одреден дел потсеќа на смалена верзија на Ford Bronco.

Во поглед на техниката, засега е познато дека идната Niva ќе ја користи новата платформа CMF-B заедно со Dacia. Техниката целосно ќе потекнува од групацијата, што ќе ги смали трошпоците, но и ќе воведе големо унапредување во одредени подрачја. Друго што ќе остане непроменето, тоа се беспрекорните теренски својства. Niva ќе ги дели моторите со Renault или Dacia, можно е дел од нив да користат одреден степен на хибриден погон.

Почетокот на продажбата е најавен за 2024 година. Мала е веројатноста дека пра-моделот ќе се продава паралелно со новата Niva. Исто е мала веројатноста дека марката Lada ќе се продава на поширокиот европски пазар, затоа што групацијата Renault тука става повеќе нагласок на Dacia. Околу тој момент уште ќе се шпекулира.

https://www.instagram.com/p/CKEC6X6ByAD/

 

>>> „Ренолуцијата“ става нагласок на електричен погон и на Megane

https://www.instagram.com/p/CKJVJW1pYjI/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Dacia Bigster

Dacia подготвува СУВ-модел во средна класа

Iveco до 2028 година ќе ѝ испорача над 1.000 камиони на германската војска

Iveco до 2028 година ќе ѝ испорача над 1.000 камиони на германската војска