за

Dacia подготвува СУВ-модел во средна класа

Концептот Dacia Bigster е најава за идниот голем СУВ на романската марка, кој со своите 4,6 метри е подолг и од Volkswagen Tiguan.

dacia bigster

Dacia добива клучна улога во новата стратегија на Renault. Шефовите во концернот очигледно се одушевени од успехот на Duster и тоа ги охрабдува да понудат и модел во средната класа. Студијата Bigster веќе има неколку конкретни најави за идниот сериски модел.

Околу најполуларниот модел во гамата на Dacia, нема двоумење. Duster е хит-моделот на романската марка на Renault. СУВ-моделот со достапна цена од своето појавување во 2010 година постојано реди успеси и нема изгубено ниту грам од привлечноста пред купувачите. Секако дека и цената има важна улога во успехот на компактниот СУВ. Но, успехот на Duster ги охрабри шефовите за неговиот концепт да го применат и класа погоре, во средната класа.

Со концептот Bigster се најавува вториот СУВ модел во понудата на Dacia, кој со своите 4,6 метри е за 30 сантиметри подолг од Duster и исто е за 10 сантиметри подолг од VW Tiguan. Во споредба со малечкиот брат, Bigster изгледа уште покрупно, додека извлечените крила и куполата во хаубата му даваат голема самоувереност во појавата.

Околу моторите за идниот модел уште нема информации. Dacia кон крајот на годината ќе започне со продажба на електричното СУВ-мини Spring Electric. Тоа воедно значи и дека Dacia во иднина ќе става повеќе нагласок на заштитата на животната средина во сите аспекти од своето работење – и во понудата од модели, секако. Серискиот Bigster е сосем веројатно дека нема да се нуди во чисто електрична изведба, но затоа ќе се внимава на начелата во корист на заштитата на природната средина.

Заштитните панели на Bigster целосно се состојат од рециклирана пластика. Хромирани украси или финиш со изглед на алуминиум нема да се користат кај големата Dacia. Како иден знаменосец на марката, Bigster ќе се нуди со повеќе погонски варијанти, вклучувајќи и хибриди. Главниот момент сепак ќе биде цената. Таму Dacia досега не изневерила.

>>> Електричната Dacia ќе се нуди како рентакар во Франција

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Honda и Hitachi ќе ги спојуваат своите добавувачи

Tesla можен нов сопственик на британската фабрика на Honda

Lada најавува нова Niva за 2024 година