Tesla можен нов сопственик на британската фабрика на Honda

Honda и Hitachi ќе ги спојуваат своите добавувачи

Дејл Хинан, советник во градот Свиндон во југозападниот дел на Англија, го покани Илон Маск преку твитер, да изгради фабрика на Tesla на производствената локација на Honda во Јужен Марстон, којашто наскоро ќе остане празна. Honda ќе ја напушти фабриката во текот на летово.

Графичката анимација во твитот на Хинан до Илон Маск го прикажува возот што е произведуван во градот. Возот им е познат на многумина, затоа што станува збор за Hogwarts Express од филмовите за Хари Потер. Симболиката е во тоа што советникот го поканува шефот на Tesla, на местото на парните локомотиви да изгради фабрика за електрични автомобили.

Во продолжение на твитот, Хинан му го препраќа на Илон Маск писмото од советникот Дејвид Ренард, за кого Хинан напоменува дека е највозрасен политичар во Свиндон. „Илон Маск, молиме сериозно да ја земете предвид Белика Британија за идна фабрика на Tesla,“ пишува натаму во пораката на Хинан.

https://twitter.com/dale_heenan/status/1349477313944182785

Ова лобирање следи откако британските медиуми повеќепати објавија вест дека калифорниската компанија е заинтересирана да вложи во фабрика во земјата. Вкупната површина на фабриката е 1,52 километар квадратен, а само половината од таа површина е под објекти. Постои одлична патна и железничка инфраструктура што води директно до Лондон. Функционерите од Свиндон понатаму ја наведуваат и работната сила од 5.000 лица во компаниите што се во сопственост на Honda и во компаниите добавувачи.

>>> Tesla од 1-ви јануари продала 90.000 примероци од Model Y во Кина

Претходна објаваНајдобриот двоец на Toyota Gazoo Racing втор на Рели Дакар
Следна објаваDacia подготвува СУВ-модел во средна класа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here