Најдобриот двоец на Toyota Gazoo Racing втор на Рели Дакар

Најдобриот двоец на Toyota Gazoo Racing втор на Рели Дакар

Три од четирите тркачки Toyota Hilux што стартуваа за Toyota Gazoo Racing извозеа до завршницата на маратонот. Тимовите извозеа повеќе од 4.400 километри во дванаесет етапи. Toyota победи на вкупно осум етапи.

Второ место за Насер Ал Атија и за неговиот навигатор Матје Баумел на Рели Дакар 2021. По дванаесет етапи во вкупно растојание од 4.400 километри, двоецот на крајот заостануваше само 13:51 минути зад победникот Стефан Петерхалсел во Mini.

Нивните тимски колеги Ги де Вилиер и Алекс Харо го имаа осмото најдобро време на пустинскиот маратон, со 3:57:39 часови заостаток зад победничкото време. Третото дуо во воите на Toyota Gazoo Racing, Шамир Варијава и Денис Марфи, извозе до целта и релито го заврши на 21-то место. Тие постигнаа неколку етапни успеси кои се вредни за почит.

Насер Ал Атија и Матје Баумел победија на пет етапи на Дакар 2021, а и во претпоследната брзинска етапа го презедоа водството во релито со две минути предност. По две дупнати гуми, тие сепак ја загубија предноста.

Ги де Вилиер и Алекс Харо се искачија највисоко на уште една етапа. Toyota Hilux на осум од дванаесет брзинци на годинешното Рели Дакар постигнуваше најдобро време. Тоа ја докажува способноста на рели-болидот, но и го надградува имиџот на серискиот Hilux, кој веќе е легенда со својата пробивност по секаков терен и уште повеќе по издржливоста.

Глин Хол, директор на Toyota Gazoo Racing: „Прво сакам во име на целиот Дакар-тим на Toyota Gazoo Racing да им искажам длабоко сочувство на семејството и на пријателите на Пјер Шерпин, кој почина откако падна со својот мотоцикл во почетокот на денешната етапа. Неговата смрт е жално потсетување на опасностите на коишто сме изложени како тркачи и навигатори. Но, неговиот дух продолжува да живее во тимовите кои како и секогаш досега се борат за победата и за авантурата.

Овогодишната трка на нашот тим му донесе бројни победи на етапа, како за Toyota Gazoo Racing, така и за Toyota како марка. Особено сум горд за се што постигнавме годинава и многу им благодарам на Насер и Матје за нивниот борбен дух и за нивната упорност. Истото важи за Ги и Алекс, како и за Шамир и Денис, кои не се откажаа од борбата и постјано беа на границите на сопствената издржливост и на издржливоста на нашата Toyota Hilux. Можеби не победивме на трката, но се боревме упорно и горд сум на тимот.“

Вкупни резултати на Рели Дакар 2021 по 12-та етапа

Насер Ал Атија / Матје Баумел +13:51 минути

Ги де Вилиер / Алекс Харо +3:57:39 минути

Шамир Варијава / Денис Марфи +8:42:39 минути

>>> Петерхансел 14-ти пат на врвот, шеста победа за Mini на Дакар

Претходна објаваYaris ѝ донесе на Toyota раст од 11% во второто полугодие од ’20
Следна објаваTesla можен нов сопственик на британската фабрика на Honda

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here