Концернот Toyota лани продаде 993.113 автомобили во Европа. Тоа се 9% помалку отколку преклани, но се случува во услови кога автомобилскиот пазар на целиот континент е во пад од 20 ороценти. Toyota се проби на третото место на најпродавани автомобилски марки во Европа.
Европскиот огранок на Toyota пријави продажба од 993.113 возила од марките Toyota и Lexus, што е 9 проценти под резултатот од преклани, меѓутоа е повеќе од двапати поблаг пад од 20-те проценти што ги претрпе автомобилскиот пазар во Европа во целина, како резултат од пандемијата.
Тоа што Toyota губеше помалку од својот пазар за разлика од останатите марки, соодевтно ѝ донесе зголемување на уделот за 0,7 проценти на 6,0 проценти. Тоа е историски рекорд за Toyota во Европа. Клучната заслуга лежи во постојаниот пазарен интерес за хибридните модели, шпто ја искачи марката на третото место на стариот континент.
Корона-кризата речиси ѝ не ја допре продажбата на хибридите на Toyota, којашто имаше благ пад од 6%, со вкупно 529.054 возила. Хибридите лани учествуваа со 53% во вкупната европска продажба, односно со 65% само во Западна Европа.
По ублажувањето на мерките за заштита и постепеното нормализирање на живеењето, продажбата во периодот меѓу јули и декември дури забележа и раст од 11% во споредба со второто полугодие преклани. Повторно, за тоа е заслужна одличната продажба на Corolla & Co, како и на RAV4 и C-HR, но најмногу заслуга секако дека има лансирањето на новиот Yaris. Новата генерација на моделот се искачи на второто место на европскиот пазар во ноември, што исто така е историски рекорд.
Toyota и Lexus лани претставија девет нови модели, меѓу нив и RAV4 Plug-in Hybrid, PROACE EV, новиот водороден Mirai FCEV и Lexus UX EV.
Toyota имаше најголем процентуален раст во пазарниот удел во 2020 и најмал пад. Лани се продадоа 922.299 возила под марката Toyota, што доведе до зголемување на уделот за 0,6 процентуални бодови, на 5,7%. Вкупниот број на продадени возила сепак беше за 8% под преклани. Бестселери се Corolla, Yaris и RAV4, на кои отпаѓаат 58% од продажбата. Два од секои три примероци од овие модели биле испорачани во хибридна варијанта.
Lexus продаде 70.814 возила и постигна историски рекорден удел од 2,3%, односно за првпат постигна 3% на пазарот на приватни купувачи. Вкупната продажба се намали за 19%. Покрај најзначајната премиера, на електричниот UX 300e, меѓу главните новини лани беше освежениот LC 500 Convertible, исто како и фејслифтот на знаменосецот LS. СУВ- и кросовер моделите RX, NX, UX, GX and LX, учествувале со 57.833 примероци или со 81% од вкупната продажба на луксузната марка.
>>> Со Toyota Yaris Hybrid во Велес, градот на поетите и гемиџиите
















