Tesla од 1-ви јануари продала 90.000 примероци од Model Y во Кина

Tesla Model Y
Баран е и носи голема заработка: Тесла Модел Ипсилон се произведува и во Германија, во близина на Берлин.

Од почетокот на производството на Model Y во фабриката во Шангај на 1-ви јануари, Tesla според објавите на неколку медиуми во земјата веќе има продадено 90.000 примероци од автомобилот. Цените за СУВ-моделот врз база на Model 3 во Кина се намалени за 30 проценти.

Калифорнискиот производител на електрични автомобили Tesla на 1-ви јануари започна со производство на Model Y во Шангај. Тоа е втор модел што излегува од фабриката на Tesla во Кина, по Model Y.

Цената на Model Y на кинескиот пазар изнесува 339.000 јуани (43.000 евра) за верзијата со продолжен досег и 369.900 јуани (47.000 евра) за верзијата со екстра перформанси. Овие цени се за 30% пониски во споредба со ценовното ниво што автомобилите Tesla го имаа во август.

Tesla соопшти дека клиентите наскоро ќе го добијат својот примерок од Model Y. Изведбата со поголем досег ќе почне да се испорачува во јануари, додека перформанс-изведбата ќе следи во третиот квартал.

По стартот на продажбата во Кина следела вистинска навалица во повеќе претставништва на Tesla. Се спомнува бројка од 90.000 продадени примероци по само неколку денови од стартот. Бројките можеби се непотврдени, но факт е дека енормниот интерес за Model Y доведе до тоа рокот на испорака за новите нарачки за автомобилот да се помести за вториот квартал.

>>> На оваа станица на Tesla полнат 72 електрични автомобили

Претходна објаваНовиот СУВ-модел на Škoda за Индија е „Крал“
Следна објаваBentley постигнал историски рекордна продажба лани

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here