Bentley постигнал историски рекордна продажба лани

Bentley постигнал историски рекордна продажба лани

Прекинот во производството, затворањето на салоните и полициските часови не го спречија Bentley постигне рекордна продажба во својата 101-годишна историја. Резултатот се должи на пазарите во Кина, Америка и Азија.

Bentley Motors лани им испорачал 11.206 ексклузивни автомобили на своите клиенти, за 2% повеќе од преклани. Очекувањата пред ковид беа уште повисоки. Планираното воведување на новите моделски генерации во понудата сепак придонесе британската компанија да ја постигне најдобрата продажба во својата 101-годишна историја.

Главен пазар за Bentley и натаму се „Америките“, но солидно напредува и кинескиот пазар, кадешто продажбата се зголемила за 48 проценти. Со лансирањето на Bentayga Hybrid започна остварувањето на стратегијата Beyond100, во којашто се предвидени девет нови модели и масивна електрификација до 2030 година.

За историскиот успех придонесе воведувањето нови модели, како и проширувањето на достапноста на моделите во нови региони ширум светот. Тоа важи особено за сосем новата генерација на Flying Spur. Побарувачката за овој модел се зголеми уште повеќе откако во октомври беше воведена V8 изведбата со уште повисоки перформанси.

Bentley Continental
Bentley Continental

Bentley Continental GT (24 проценти) и GT Convertible (15 проценти) заедно учествуваат со 39 проценти во вкупната продажба и тоа е најбараната моделска серија на благородничката марка. Најпродаван модел и натаму е Bentayga, на кого отпаѓаат 37% од продажбата.

Во Америка се испорачани 3.035 автомобили, за 4% повеќе од лани. Кина следи со 2.880 возила, наспроти 1.940 возила преклани. На европскиот пазар во последните 12 месеци биле испорачани 2.193 возила, за 18% помалку од 2019 година. Негативниот тренд беше предизикан главно поради доцнењето на освеженото моделско годиште на Bentayga. Домашниот пазар регистрирал 1.160 возила, за 22 проценти помалку од лани. Следат Средниот Исток со 735 возила и Азија со раст од 6% и вкупно 1.203 возила.

Продажбата мрежа на Bentley се состои од 237 дилери во 67 држави.

>>> Џејмс Бонд во романите на Флеминг вози Bentley, не Aston Martin

Џејмс Бонд во романите на Флеминг вози Bentley
Џејмс Бонд во романите на Флеминг вози Bentley

Претходна објаваTesla од 1-ви јануари продала 90.000 примероци од Model Y во Кина
Следна објаваSmart в година стартува со електричен СУВ од Кина

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here