за

Smart в година стартува со електричен СУВ од Кина

Smart и кинескиот партнер Geely најавуваат компактен СУВ со електричен погон.

Smart в година стартува со електричен СУВ од Кина

Smart во 2022 година ќе понуди компактен СУВ со електричен погон. Моделот што ќе се произведува во Кина во соработка со Geely е сосем извесно дека ќе се продава и на европскиот пазар.

Електричниот погон веќе е реалност во мини-марката на Mercedes-Benz, единствено недостига СУВ-модел. Тој ќе пристигне в година и ќе се произведува заедно со кинескиот партнер Geely. Развојот на новиоит автомобил на Smart веќе е во напредната фаза и неколку прототипи ја тестираат техниката во реални услови. Електричниот СУВ ќе ја користи новата платформа SEA (Sustainable Experience Architecture) што е развиена од Geely. За дизајнот е одговорен Daimler.

Според најавите на менаџерите на Smart, „тоа нема да биде кој било СУВ“. Јавно уште безимениот модел ќе ги почитува основните вредности на марката, односно ќе има напреден дизајн, иновативност, висока технологија, и секако, електричен погон. Изгледот ќе биде впечатлив и препознатлив за Smart. Менаџерите се уверени дека компактниот СУВ со погон на струја веднаш ќе се избори за водечко место во сегментот.

Уште не се откриваат димензиите и перформансите, како и досегот на електричниoт погон. Првите детали може да се очекуваат дури за неколку месеци. Daimler и Geely пред околу една година ја основаа заедничката компанија Smart Automotive со седиште во Кина. Geely ја претстави платформата пред три месеци. Марките Volvo и Lynk&Co исто така ќе ја користат оваа платформа.

Во старата фабрика на Smart во Хамбах ќе произведува Ineos, конкретно оттаму ќе излегува ретро-теренец верен на дизајнот на пра-моделот Land Rover Defender, но со модерна погонска техника.

>>> Во фабриката на Smart ќе се произведува ретро Land Rover

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Bentley постигнал историски рекордна продажба лани

Bentley постигнал историски рекордна продажба лани

Четврта победа на Toyota по пет етапи на Дакар 2021

Четврта победа на Toyota по пет етапи на Дакар 2021