Најдобро пласираниот тим на Toyota Gazoo Racing по пет етапи на Рели Дакар се наоѓа на второто место во генерален пласман и заостанува само 6:11 минути зад лидерот Петерхансел.
Ги де Вилиер, победник на Дакар во 2009 година, заедно со навигаторот Алекс Харо, имаа одушевувачки камбек по неколку тешки денови и победија на петтиот брзинец на релито Дакар. Ги и Алекс ја стартуваа својата трка 22-ри и максимално ја искористија оваа стартна позиција постигнувајќи победа со предност од 58 секунди. Тоа им донесе скок од 22-то на 12-то место во генерален пласман.
Хенк Лејтган и Брет Камингс, кои одушевија на 3-та и 4-та етапа, доживеаја незгода на 19-от километар, откако удрија во ров при висока брзина, по што нивната Toyota Hilux се превртуваше неколкупати. Двајцата излегоа од возилото без поголеми повреди. По прегледот од медицинскиот тим на релито, Хенк беше пренесен во Ријад за понатамошен медицински третман на повреденото рамо. Оваа незгода доведе до тоа тимот да се откаже од Дакар 2021.
Шамир Варијава и Денис Марфи извозеа уште една солидна трка во петтиот ден од релито, иако стартуваа меѓу последните и како дополнителна потешкотија мораа да се соочуваат со прашината од побавните возила пред себе. Тие ја завршија трката на 28-мо место и напредуваа во генерален пласман, од 43-то на 38-то место, иако имаа две дупнати гуми и ограничената моќност на моторот им го попречуваше нивното напредување по дините.
Глин Хол, директор на тимот: „Ова беше ден со искачувања и падови за тимот, со победата на Ги на брзинецот и со Насер на четвртото место како врв на денот, веднаш зад Стефан Петерхансел кој го задржува водството. За жал, заврши трката за Хенк и Брет, по само 19 километри од денешната етапа. Тие беа само неколку метри оддалечени од вистинската линија и беа само малку побрзи отколку што требаше да бидат. Тие удрија во еродиран ров и се превртеа, но автомобилот не беше премногу оштетен. Најголемиот проблем беше во тоа што Хенк се здоби со изместено рамо во судирот, што е многу болно. Тие мораа да се откажат, откако имаа одлични резултати во последните неколку денови. Но, сигурно е дека голем круг луѓе ги забележа и очекуваме уште подобри резултати од нив во иднина.“
Резултати од 5-та етапа на 2021 Дакар:
1-во место No. 304 Giniel de Villiers/Alex Haro, 5hr 9min 25sec
4-то место No. 301 Nasser Al-Attiyah/Mathieu Baumel, +4min 38sec
28-мо место No. 330 Shameer Variawa/Dennis Murphy, +1hr 4min 29sec
Повлечен од трка No. 332 Henk Lategan/Brett Cummings
Вкупни резултати по 5 етапи на 2021 Дакар Рели:
2-ро место No. 301 Nasser Al-Attiyah/Mathieu Baumel, +6min 11sec
12-то место No. 304 Giniel de Villiers/Alex Haro, +1hr 57min 26sec
38-мо место No. 330 Shameer Variawa/Dennis Murphy, +6hr 0min 32sec
Повлечен од трка 332 Henk Lategan/Brett Cummings
>>> Хет трик на Toyota Gazoo по 4 етапи на Дакар 2021

















