Хет трик на Toyota Gazoo по 4 етапи на Дакар 2021

Хет трик на Toyota Gazoo по 4 етапи на Дакар 2021

Само 11 секунди решаваа за Насер Ал Атија да победи на четвртиот брзинец на најтешкото рели во светот, на делница долга 337 километри меѓу Вад Ад Давасир и саудиската престолнина Ријад. Заостатокот на првиот тим на Toyota Gazoo Racing зад водечкиот Петерхансел се скуси на само пет минути.

Новакот на релито Хенк Лејтган и навигаторот Брет Камингс го загрозуваа времето на нивниот тимски колега Насер, па дури имаа и подобро време на некои контролни точки. Хенк го заврши брзинецот третопласиран, заостанувајќи зад Катарецот само 1:30 минути и искачувајќи се на 4-то место во вкупен пласман.

Ветеранот Ги де Вилиер и навигаторот Алекс Харо беа на пат да постигнат добро време, меѓутоа Ги мораше да ја смали брзината во некои делници поради болки во вратот. Тие дополнително загубија време и поради грешката во навигацијата кон крајот на етапата и завршија 15-ти. На денешната трка што се вози од Ријад до Ал Каисума, во должина од 456 километри, Вилиер-Харо очекуваат да го подобрат вкупниот пласман.

Шамир Варијава и совозачот Денис Марфи покажаа солидни перформанси на 4-от брзинец иако стартуваа меѓу последните и мораа да се справуваат со прашината од камионите и побавните од нив. Тимот исто така загуби време поради грешка во навигацијата кон крајот на етапата. Тие моментно се на 43-то место.

Глин Хол, директор на тимот: „Денес имавме уште еден фантастичен резултат од Насер и Матје, со третата победа во низа. За успехот да биде уште поубедлив, во две од победите тие први ја стартуваа еапата. Тие докажаа дека со право се вбројуваат меѓу најдобрите екипи во светот и се надеваме дека тоа ќе продолжи и во следните денови. Хенк и Брит повторно имаа одличен резултат и беа набрзи на некои контролни точкли во средината од етапата. Доколку немаа дупната гума кусо пред крајот, можно е дека тие повторно ќе завршеа второпласирани.“

Резултати од 4-ата етапа на 2021 Дакар Рели:

1-во место No. 301 Nasser Al-Attiyah/Mathieu Baumel, 2hr 35min 59sec

2-ро место No. 332 Henk Lategan/Brett Cummings, +1min 30sec

3-то место No. 304 Giniel de Villiers/Alex Haro, +14min 57sec

4то место No. 330 Shameer Variawa/Dennis Murphy, +28min 26sec

Вкупни резултати по 4-та етапа на 2021 Дакар Рели:

2-ро место No. 301 Nasser Al-Attiyah/Mathieu Baumel, +3min 58sec

4-то место No. 332 Henk Lategan/Brett Cummings, +47min 44sec

22-ро место No. 304 Giniel de Villiers/Alex Haro, +1hr 59min 51sec

43-то место No. 330 Shameer Variawa/Dennis Murphy, +5hr 1min 28sec

>>> Toyota постигна 1-2 победа на третиот брзинец на Дакар

Претходна објаваАвтомобилскиот пазар во Кина растеше и во декември
Следна објаваНовиот СУВ-модел на Škoda за Индија е „Крал“

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here