за

Toyota постигна 1-2 победа на третиот брзинец на Дакар

Насер Ал Атија и Матје Баумел победија со својата Toyota Hilux и на третата етапа на Дакар 2021, на кружната делница во должина од 403 километри.

Toyota постигна 1-2 победа на третиот брзинец на Дакар

Со две победи во низа, најуспешниот фабрички тим на Toyota Gazoo Racing моментно е на второто место во вкупен пласман на Рели Дакар 2021. Остануваат само пет минути заостаток зад лидерот. Ал Атија и Баумел се надеваат на четврта победа на најтешкото рели во светот.

Најголемото изненадување на третата етапа за тимот на Toyota Gazoo Racing до донесоа новаците Хенк Лејтган и Брет Камингс, кои извозеа совршена трка и втори го завршија вчерашниот брзинец на Рели Дакар. Заостатокот зад Насер и Матје изнесуваше само 2:27 минути. Тоа им донесе седмо место во вкупен пласман на Лејтган-Камингс, со вкупно 47:25 минути заостаток.

Ветеранот Ги де Вилиер и навигаторот Алекс Харо ја стартуваа трката 17-ти, по што се соочија со тешки предизвици. Откако во претходниот ден загубија два часа, новата етапа уште во почетокот им донесе скршена погонска оска, по што следеа и две дупнати гуми.

Тимот во четвртиот тркачки Hilux на Toyota Gazoo Racing, во рацете на Шамир Варијава и Денис марфи, исто така имаше дефект на погонска оска во почетокот на етапата, за потоа да следат уште пет дупнувања на гума. Тие заостанаа над два часа, но напредуваа во вкупниот пласман и сега се на 44-то место.

Глин Хол, директор на тимот: „Денес имавме навистина голема етапа, но беше различно од нашите очекувања. Знаевме дека етапата е долга над 400 километри, но имаше многу карпи што не беа спомнати на брифингот. Денот сепак го завршивме успешно, со Насер и Матје како победници на етапата, иако стартуваа први. Тие воедно ја смалија временската предност на Стефан Петерхансел. Ценам дека најголемата вест на денот се Хенк и Брет, кои завршија втори, со две и пол минути заостаток зад Насер.“

Резултати од 3-та етапа на 2021 Дакар Рели:

1-ви место No. 301 Nasser Al-Attiyah/Mathieu Baumel, 3hr 17min 39sec

2-ро место No. 332 Henk Lategan/Brett Cummings, +2min 27sec

27-мо место No. 304 Giniel de Villiers/Alex Haro, +37min 47sec

49-то место No. 330 Shameer Variawa/Dennis Murphy, +2hr 6min 39sec

Вкупни резултати на 2021 Дакар Рели по 3-та етапа:

2-ро место No. 301 Nasser Al-Attiyah/Mathieu Baumel, +5min 09sec

7-мо место No. 332 Henk Lategan/Brett Cummings, +47min 25sec

24-то место No. 304 Giniel de Villiers/Alex Haro, +1hr 46min 05sec

44-то место No. 330 Shameer Variawa/Dennis Murphy, +4hr 34min 13sec

>>> Toyota победи на вториот брзинец на Рели Дакар 2021

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Новото лого ѝ донесе светски рекорд на Kia

Автомобилскиот пазар во Кина растеше и во декември

Автомобилскиот пазар во Кина растеше и во декември