за

Новото лого ѝ донесе светски рекорд на Kia

Тристотини и три дронови во надреално координиран лет буквално го донесоа на свет новото лого на Kia.

Движење што инспирира, тоа е новиот слоган на марката од Сеул, кој доаѓа заедно со нова основа за идентитетот на марката Kia, со ново лого.

Во согласност со времето и во чекор со најпрогресивните автомобилски марки на сцената, Kia воведе ново лого, коешто е поедноставно и попрепознатливо, а со тоа и поблиску до корисниците. Во најдобриот манир на одбележување на клучните историски моменти што е својствен за азиската култура, со задолжителен огномет во димензија што е неповторлива во друга средина, 303 пиро-дронови го претставија новото лого на Kia Motors.

Гинис и официјално го призна овој потфат како рекорд, во категоријата за „Most unmanned aerial vehicles (UAW) launching fireworks simultaneously“, односно за најголем број безпилотски летала што истовремено лансираат огномет“.

Новото лого ќе го придружува и нов слоган. Во замена за „The Power to Surprise“, што сцената го признаваше како веродостоен за случувањата во корејската марка од 2012 година наваму, пораката на Kia сега гласи „A Movement that Inspires“, односно движење што инспирира.

>>> Oваа платформа ќе ги носи новите електрични модели на Kia и Hyundai

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кој е големиот новитет на Kia за Бадник?

Toyota постигна 1-2 победа на третиот брзинец на Дакар

Toyota постигна 1-2 победа на третиот брзинец на Дакар