за

Кој е големиот новитет на Kia за Бадник?

Многу нагаѓања и љубопитност околу премиерата што Kia ја најавува за утре, 6-ти јануари. Ново лого и нов слоган се сосем извесни, но прашањето е кој модел ќе ги добие прв.

Сцената масовно нагаѓа околу големата новина на Kia што ќе биде откриена утре и што македонскиот увозник исто така ја најави на своите профили на друштвените мрежи. Некои се резервирани и предвидуваат „само ново лого и нов слоган“, други очекуваат нов Sportage и Niro, но се спомнува и еден автомобил што ќе предизвика вистинска сензација доколку навистина тој е предмет на целата оваа фама.

Слоганот на Kia како да беше измислен токму за утрешниот ден. Марката од Сеул оди на „The Power to Surprise“ од 2012 година и навистина ќе беше изненадување доколку Kia не изненадеше во изминатиов период, било со премиера на нов модел или воведување нова услуга и најава на плановите за иднината. Сега, Kia ја подготвува светската автомобилска сцена за големата премиера што е најавена за утре, среда, ден Бадник пред Божик, во 11 часот.

Врвно изведената компјутерска анимација како најава за настанот, веројатно има симболика да прикаже дека ветриштата, земјата (песокта) и водата се во постојано движење и притоа создаваат нешто ново. Но, како што светот повторно се освести за животната средина во ова време на пандемија, додека човекот се „криеше“, а природата стануваше побујна од кога помни човештвото, можно е дека анимацијата посочува и на чистиот електричен погон на Kia од новата генерација.

Мотото на настанот е „A New Journey Begins“, односно почеток на ново патување. Новото лого на Kia е сосем извесно дека ќе биде дел од премиерата. Марката веќе го прикажа новиот изглед на својот основен заштитен знак на препознавање, преку концептот Imagine by Kia од салонот во Женева во 2019 година. Заедно со логото оди и нов слоган, „Movement that Inspires“ во замена за „The Power to Surprise“.

Тоа би било доволно за настанот да се води како ново патување. Но, прашањето е кој модел прв ќе го понесе логото? Kia сигурно нема да дозволи логото да доживее светска премиера без соодветен автомобил што ќе биде достоен да го носи истото. Во тој случај, нашето предвидување е дека моделот што ќе има премиера утре е сериската изведба токму на Imagine by Kia.

Kia Imagine ќе стане вистински електромобил со 800V и 500 km досег
Imagine by Kia

Тоа ќе биде прв модел на Kia што е развиен само за погон на струја и нема да се нуди во ниту една друга погонска варијанта. Менаџментот на компанијата уште при премиерата на „Imagine“ најави дека моделот ќе стартува во сериско производство во 2021 година. Вистина е дека новата година штотуку започна, но времињата се такви кога светот бара големи работи, големи промени и големи случувања.

Секако дека не е случајно тоа што Kia пред малку повеќе од еден месец објави и најконкретни детали околу новата платформа наменета за електрични возила, E-GMP.

Сите неизвесности ќе завршат утре во 11 часот, кога почнува премиерниот настан.

>>> Oваа платформа ќе ги носи новите електрични модели на Kia и Hyundai

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Полициските велосипеди во Холандија добија сина ротација

Полициските велосипеди во Холандија добија сина ротација

Новото лого ѝ донесе светски рекорд на Kia