Холандските полицајци со велосипед отсега можат да вклучат сино ротациско светло додека се упатуваат кон местото на коешто треба да се интервенира. Шест градови ги опремија полициските велосипеди со сино светло.
(dpa) Според соопштението од холандската полиција, синото ротациско светло придонесува за службениците за ред и мир да бидат полесно забележливи во сообраќајот. Постојат и најразлични ситуации во коишто е повеќе пожелно на средината да ѝ се укаже дека има полиција на местото, како при незгоди или при итни случаи ноќе.
За разлика од автомобилите и мотоциклите, синото светло не им дава право на предимство на велосипедите пред останатите учесници во сообраќајот. Тоа исто така не го заменува обичното осветлување на велосипедите.
Тестирањето на примената на ротациското светло во велосипедскиот „одред“ ќе трае до април. Доколку се покаже од корист, сите полициски велосипеди ќе добијат ротација. Дотогаш полицајците ќе можат да ги користат велосипедите со ротациско светло преку специјално одобрение од министерството за инфрастуктура, затоа што законите не дозволуват сини или трепкачки светла.
>>> Пратките во Холандија се разнесуваат со електрични камиони

















