за

Неколку совети од Škoda околу одмрзнувањето на стаклата

Кој вози со нечист ветробран и стакла, сам се доведува во опасност, но исто и патниците и сите околу себе.

Неколку совети од Škoda околу одмрзнувањето на стаклата

Експертите за безбедност во Škoda имаат јасна порака: „Најзагрозени се пешаците, затоа што светлата на возилата се забележуваат и низ замрзнато стакло, но силуетата на пешак или велосипедист без светло не е видлива низ тенкиот слој мраз.“

Возачите што имаат навика да исчистат само мала линија од замрзнатиот ветробран директно пред себе, ризикуваат да не ги забележат пешаците што преминуваат улица, особено на улици на кои се паркираат автомобили. Полицијата ширум светот јавува за случаи во коишто возачите не се потрудиле да го исчистат ветробранот и со тоа предизвикале тешки, па и фатални незгоди. „Пет минути работа околу стаклата на автомобилот може да спасат човечки живот“, порачуваат од Škoda.

За стаклата да се исчистат речиси и нема потреба од посебен труд во денешните автомобили. Секако дека првото по што се посегнува за отстранување на мразот и снегот е стариот и добар гребач за мраз, што Škoda господски го сместува во поклопецот за гориво или во задниот поклопец.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Сето тоа може да биде и многу покомотно. Доколку клима-уредот во возилото располага со функција MAX, таа е наменета токму за брзо чистење на ветробранот. Системот автоматски ги избира температурата и количината на воздух што се насочуваат кон стаклото. При вклучување AUTO, системот ги следи температурата во кабината и други фактори, за автоматски да го одмагли ветробранот и да спречи натамошно замаглување.

Уште покомотно е во случај кога ќе се доплати за грејачи во ветробранот и во страничните стакла, што е достапно како опција кај неколку модели на Škoda. Стаклата ќе се одмрзнат за само неколку минути, без воопшто да се мрдне со прст. Последен тренд се ветробрани во коишто место грејна жица се наоѓа тенок метален филм, што е целосно проѕирен. Стаклата се одмрзнуваат автоматски, но освен зиме, има корист и во лето, затоа што металниот слој во исто време ги одбива инфрацрвените зраци.

Зошто замрзнуваат стаклата?

Станува збор за атмосферска појава на создавање кристали мраз врз различни површини, меѓу другото и врз каросеријата на автомобилот и стаклата. Ситните капки влага во воздухот замрзнуваат кога ќе дојдат во допир со површини чијашто температура е под точката на мрзнење. При ниски темперастури, стаклата може да замрзнат дури и во денови или ноќи во кои што не се појавува магла. Доволно е влажноста во воздухот да дојде во допир со студените површини.

Најкомотно е со самостојните системи за греење во Octavia, Superb и Enyaq iV, кои може да се програмираат, за кабината да се загрее пред да се влезе во возилото. Секако дека тоа подразбира и одрмзнување на прозорците. Овие системи што се вградуваат со доплата, се контролираат едноставно преку средишниот дисплеј, со поставување време за нивно вклучување и исклучување.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Целата процедура може да се изврши и оддалеку, преку мобилна апликација. Покрај тоа што кабината е загреана и стаклата се одмрзнати пред влегувањето, моторот исто така е доволно загреан. Тоа го смалува абењето на моторот по стартувањето наутро, ја смалува и потрошувачката, а со тоа и штетните емисии.

Доколку во автомобилот е вградена обична клима, одмрзнувањето на ветробранот е најбрзо ако температурата се намести на најтопло, вентилаторот се пушти на најсилно, а воздухот се насочи кон ветробранот.

Возењето со нечист и замаглен ветробран се казнува строго во повеќето држави. Доколку се учествува во сообраќај со возило што недоволно е исчистено од мраз и снег, казната за тоа во Германија изнесува 80 евра, во Словачка се 60 евра, додека во Чешка се казнува со 2.500 круни. Во одреден случај може да следи и одземање на дозволата.

Доколку напред има возило со снег или мраз на покривот и по каросеријата и стаклата, внимавајте да одржувате поголемо растојание. Не е реткост мразот од возилото напред да „одлета“ при висока брзина и да предизвика штета. Уште поопасно е кога напред има камион. Доколку неговиот возач не се погрижил да го отстрани мразот озгора, тоа може да доведе до критични ситуации.

>>> Зошто Škoda 100 скокаше во студен базен во 1974 година?

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

audi a-tron најпродаван електричен автомобил во Норвешка

Норвешка првпат регистрираше повеќе електрични од обични автомобили

Полициските велосипеди во Холандија добија сина ротација

Полициските велосипеди во Холандија добија сина ротација