за

Зошто Škoda 100 скокаше во студен базен во 1974 година?

Во својата долга историја, Škoda има и „пливачка“ приказна. Во едно несекојдневно тестирање, Škoda 100 скокна во базен.

Приказната со скокот на Škoda 100 во базен, во декември 1974 година, уште е актуелна. Автомобилот со којшто беше извршено тестирањето, се наоѓа во возна состојба до денес.

Во средината на 1970-те години, Škoda 100 учествуваше во еден необичен автомобилски експеримент. Педесетметарскиот базен Подоли во Прага требаше да се празни во тие денови и не пречеше некоја капка бензин или масло за завршат во водата. Најтиражниот автомобилски магазин во тогашна Чехословачка организираше екстремен тест за безбедноста на Škoda 100.

Магазинот позајми автомобил со 36.705 километри и вгради безбедносни ремени и потпирачи за глава напред. Двајцата мажи што се осмелија да скокнат во вода при температура од 5°C беа новинарот Војтек Мештан и фотографот Отакар Шафек. Покрај базенот стоеше амбулантно возило, заедно со армиска дигалка за извлекување на возилото, а неколку искусни нуркачи го обезбедуваа експериментот директно од вода.

Миг пред носот на возилото да удри во водата, возачот го изгасна моторот. Кога автомобилот почна да тоне, Мештан го спушти стаклото и излезе. Фотографот и искусен аматерски нуркач, почека лимузината да потоне на дното. Со мотор назад, опашот на автомобилот тонеше побрзо од носот, а воздухот од кабината излезе преку предните триаголни прозорци. Шафек се извлече без проблем.

Škoda 100 беше вратена во возна состојба за помалку од еден час

По извлекувањето на возилото, предниот дел од каросеријата беше деформиран поради ударот во водата, додека покривот се втисна под дејство на притисокот на водата. На Јозеф Хермански, шеф на сервисот на Škoda во Прага, му беа доволни само 46 минути за автомобилот да проработи повторно. Тој ги смени маслото во моторот и свеќичките за палење, и ги исчисти карбураторот, разводникот на палење и филтрите. По еден и пол час од првиот скок, Škoda повторно се најде во базенот. Овојпат, двајцата мажи излегоа веднаш низ отворените врати.

Целта на експериментот беше да се докаже дека патниците во Škoda се безбедни во ситуации од овој вид, доколку останат присебни. По три години од тестот, вработен во компанијата го купи автомобилот. Откако тој го поправи автомобилот, неговото семејство го користеше возилото подолго од 40 години. „Неуништливата“ Škoda доживеа и трето, непланирано потопување, кога големите поплави ја зафатија Чешка во 2002 година.

>>> Skoda ќе го освојува пазарот во Северна Африка

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На оваа станица на Tesla полнат 72 електрични автомобили

На оваа станица на Tesla полнат 72 електрични автомобили

Toyota се остри за нова победа на Дакар

Toyota се остри за нова победа на Дакар