Во посебно предизвикувачки услови, тимот за мотоспорт на Toyota го подготвуваше новиот Hilux за учество на најтешкото рели во светот, на Рели Дакар.
Решението за учество со новиот Hilux на Баха Хаил беше донесено доцна, без доволно време за тестирање и усовршување. Насер Ал Атија и Матје Баумел сепак успеаја со новиот пустински тркач да се впуштат во битка за првото место, против легендата Карлос Саинц. Во првата трка во Баха Хаил за Светскиот куп во крос-кантри, Катарецот за малку ја пропушти победата. На втората трка, на победникот Насер му беше изречен пенал и тој беше дисквалификуван, што значеше негово збогување од насловот на светски првак.
Иако има само две големи трки зад себе, Hilux докажа дека е брз и издржлив, а тоа најмногу се бара за Дакар Рели. Автомобилот што ќе вози на изданието на беспоштедното рели за 2021 година, носи основа од Hilux од 2019 година, но голем број делови се усовршени. Подвозјето е преработнео целосно, издувот е нов и му донесе зголемување на вртежниот момент при ниски вртежи на атмосверскиот V8, кој потекнува од Lexus RC F. По проблемите со гумите лани, тимот сега вгради нов систем за контрола на протисокот, кој е преземен од GR Yaris.
Четири Toyota Hilux на Gazoo ќе се натпреваруваат за титулата
Toyota Gazoo Racing ќе учествува со четири автомобили. Тимот го предводат победниците од 2019 година, Насер и Матје, додека Ги де Вилерс и навигаторот Алекс Харо исто важат како големи фаворити. Новак во тимот е двојниот јужноафрикански шампион во крос-кантри Хенк Лејтган, со неговиот навигатор Брет Камингс. Вторпат на Дакар ќе вози и поранешниот јужноафрикански шампион Шамир Варијава, со навигаторот Денис Марфи.
https://www.instagram.com/p/CJeJJGbB1J7/
Изданието на Дакар Рели за 2021 година повторно ќе се вози само во Саудиска Арабија. Поаѓањето е од градот Џеда, на 3-ти јануари. Рутата годинава врти спротивно од стрелките на часовникот, што значи дека прво се вози кон Биша. Завршницата на релито е во Џеда, на 15-ти јануари.
>>> Со Toyota Yaris Hybrid во Велес, градот на поетите и гемиџиите

















